СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ СКОПЈЕ

Post on 15-Mar-2016

52 views 9 download

Tags:

description

СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ СКОПЈЕ. ПИЛОТ ПРОЕКТ Распределба и наплата на топлинската енергија на ниво на стан со топлински распределители. Да се запознаат и едуцираат потрошувачите со моделот за распределба и наплата на топлинската енергија на ниво на стан; - PowerPoint PPT Presentation

transcript

ПИЛОТ ПРОЕКТРаспределба и наплата на топлинската енергија на ниво на стан со топлински распределители

СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ СКОПЈЕ

ЦЕЛ

• Да се запознаат и едуцираат потрошувачите со моделот за распределба и наплата на топлинската енергија на ниво на стан;

• Преку пилот проектот да се воочат конкретните ефекти од имплементацијата на овој систем;

• Добивање на искуствени податоци и презентирање на истите пред потрошувачите;

• Поголема примена во иднина од страна на потрошувачите.

Избор на објект и комуникација со потрошувачите

• Комуникација и анкетирање на потрошувачите од повеќе објекти;

• Презентирање и објаснување на моделот за распределба и наплата на ниво на стан;

• Избран е објект со помал број на потрошувачи но со големи грејни површини од по 100 м2 за полесна организација и закажување на термини;

• Објектот има 8 станбени и еден деловен потрошувач, или вкупно 81 грејно тело.

ШТЕДЕЊЕ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА И ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА КОМОДИТЕТОТ СОГЛАСНО ПЛАТЕЖНАТА МОЌ НА ПОТРОШУВАЧОТ

• Намалување на температурата на воздухот во станот • Намалување или исклучување на одредени

простории доколку не се користат;• Исклучување на греењето доколку потрошувачите се

отсутни од станот во подолг период и со тоа да заштедат;

Кои можности ги нуди моделот за распределба и наплата на топлинската енергија на ниво на стан?

Набавка и монтажа на опремата

• Топлинските распределители се набавени како грант од фирмата Techem од Германија со седиште во Србија, а термостатските вентили од фирмата Danfoss од Данска

Опремата беше инсталирана пред почетокот на грејната сезона

• Инсталирање на термостатски вентили;• Инсталирање на топлински распределители.

Како се распределува топлинската енергија

• Постоечки модел, распределба и наплата на топлинската енергија по основ на квадратура

KWhвкупно/(m2вкупно)*(м2на станот)=KWhна станот

• Модел за распределба и наплата на топлинската енергија со помош на топлински распределители

KWhвкупно/(вкупно импулси)*(импулси на станот)=KWhна станот

Распределителите не мерат потрошена енергија, туку ја регистрираат емисијата на топлина од радијаторот, т.е. индивидуалната потрошувачка на секое домаќинство се пресметува како удел од вкупната потрошувачка на целиот објект

Резултати • Потрошувачите штедат;• Споредено со просечната потрошувачка на објектот од

изминатите 4 години , годинава има намалување на потрошувачката на енергија за 21%

10/11

09/10

08/09

07/08

06/07

47,918 KWh

53,672 KWh

53,975 KWh

67,792 KWh

56,617 KWh

Потрошувачка на објектот за период окт - дек по грејни сезони

Просек

• Намалување на трошокот за греење од 13% до 25% во зависност од индивидуалното однесување на секој потрошувач во однос на штедењето;

• Сите потрошувачи во објектот имаат исклучено или намалено одреден број грејни тела.

Заклучоци

За стан со 55м2 грејна површина со моменталните цени на топлинската енегија, просечниот годишен трошок за греење е 480 eur.

Инвестицијата би била околу 50 eur од грејно тело, односно за стан со 5 грејни тела 250 eur.

Ако се земе годишната заштеда од 13% до 25% во пари тоа значи дека годишно може да се заштеди од 62 до 115 eur.

Враќање на инвестицијата во период од 2.5 до 4 години.

Напомена: Заштедата зависи од индивидуалното однесување на секој потрошувач во делот на штедење на топлинската енергија.

Законска регулатива

Тарифен систем за продажба на топлинска енергија (сл. весник 151/09) :• Најмалку 80% од потрошувачите во објектот

да имаат инсталирано распределувачи80%

20%

Правилник за снабдување со топлинска енергија (сл. весник 151/09) :• Инвестицијата за опремата е на трошок на

потрошувачот

Распределителите да бидат во согласност со европскиот стандард EN ISO 834: 1994 кој е усвоен како македонски стандард од бирото за стандардизација