World wide web - WordPress.com...публикација,реклама,продажба,учење...

Post on 08-Aug-2020

12 views 0 download

transcript

World wide web или скратено само web претставува еден дел од глобална мрежа на компјутери позната како интернет

Интернетот е составен од голем број на компјутери и други комуникациски уреди поврзани помеѓу себе и кои користат стандардизирани начини на комуникација

Интернет е медиум кој расне се повеќе од ден во ден и има се поголем број на корисници

2

Интернет нуди огромен број на услуги на своите корисници,никој нема целосна контрола врз него и не е во ничија сопственост

Делови од интернет како што е опрема е во сопственост на интернет провајдери или сервери и линии за пренос во сопственост на компании и приватни лица меѓутоа интернетот како медиум е целосно отворен и достапен на сите

3

Поврзувањто на интернет се прави со помош на провајдери кои корисниците и компаниите ги поврзуваат на интернет услугите

Секој уред кој е директно поврзан на интернет има своја единствена ip адреса

Моментално во употреба се ipv4 адреси(како на пример 93.253.145.44 или 192.168.2.30)

4

Овој опсег на адреси полека станува недоволен за да може ги опслужува сите корисници поради што ќе се замени со таканаречени ipv6 адреси кои овозможуваат поголем број на комуникациски уреди да се поврзат на интернет

Со пораст на интернетот се зголемува и бројот на сервиси кои тој ги нуди:

5

World wide web

Е-mail

FTP

Радио и телевизиски пренос

On line трговија

Огласување

И др

6

WWW и сервис кој овозможува пребарување на интернет со користење на графички интерфејс

WWW е најголем информациски сервис на интернет кој овозможува создавање,манипулација,организација и пребарување на мултимедијални документи

7

World wide web – е интернет сервис кој најбрзо се развива

Со помош на web – сервисот може да се прегледува текст,слики,видео,аудио записи како и да се најдат информации од различни подрачја

Сервисот може да се користи за публикација,реклама,продажба,учење на далечина и друго

8

Прегледување на веб страни се заснива на вчитување на страната како и движење од една кон друга веб страна

На веб страните се пристапува со впишување на адресата на самата страна (URL) во адресното поле на било кој интернет експлорер(Internet Explorer, Mozilla Firefox, Google Chrome, Opera и сл)

9

Трансферот на веб страната од серверот кон корисникот се врши со помош на http протокол(протокол претставува стандардизирани правила за комуникација помеѓу две точки на интернет)

Кратенката за овој протокол е префикс кај сите адреси на веб страни

Освен оваа кратенка исто така и кратенкатаwww е составен дел на адресите на веб страни

10

Покрај овие два префикси адресата на страната содржи и име на домен на кој се наоѓа страната

http://www.google.com

11

Домен претставува симболичко име на серверот на кој се наоѓа веб страната

Внесување на вакви симболички имиња во експлорерот, наместо да се внесуваат интернет адресите(кои се броеви) е овозможено од страна на DNS – сервер за кој ќе зборуваме подоцна

Повеќе веб страни формираат сајт

12

Движење од една кон друга веб страна се прави преку хиперврски (линкови) кои се составен дел на самата веб страна

Веб страните се креирани(напишани) во HTML (Hyper text marqup language) јазик кој претставува описен јазик за креирање на содржина на веб страна

13

Бидејќи интернетот претставува огромен извор на информации постојат веб локации кои се наменети за пребарување на интернет(Google,Yahoo ...)

Треба да се прави разлика помеѓу пребарувачии прегледувачи на интернет страни

Пребарувачите имаат посебни сервери на кои се стартуваат автоматизирани програми коишто много го олеснуваат наоѓањето на бараната содржина од страна на корисниците

14

Многу веб страни имаат и свои локални пребарувачи за пронаоѓање на некој содржина на самата веб страна

Веб страните покрај класичните текстуални информации содржат и слики,аудио и видео записи, интерактивна содржина па дури и цели софтверски алатки и програми

15

Веб страните се креираат со користење на HTML и CSS јазици. HTML е задолжен за структурата и содржината која се прикажува, додека CSS за распоредување и разубавување на елементите од страната

Статички страни се изработуваат исклучиво со помош на HTML или со комбинација на HTML и CSS

16

Содржината на овие страници е целосно статична односно непроменлива се додека дизајнерот на страната не внесе промени

Не нудат интерактивност и воглавно вакви страни изработуваат почетници и евентуално дизајнери на лични веб страни иако и тие во последно време внесуваат динамички елементи

17

Динамичките страни се одговорни за се поголема популарност на веб сервисот

Овие страни овозможуваат креирање на огромни сајтови со високо ниво на интерактивност во реално време како сто се FACEBOOK, YOUTUBE, WIKIPEDIA,GMAIL,YAHOO,ONLINE игри и друго

18

Во случај на динамички страни на страната на клиентот HTML и CSS се надополнуваат со скриптни јазици од кои најзастапен е JavaScript кој на програмерите им овозможува создавање на апликации кои се извршуваат директно во експлорерот

Самите прегледувачи(експлорери) имаат високо ниво на развиеност што овозможува

19

Репродукција на аудио и видео фајлови,високо ниво на перформанси за играње игри, како и стартување на сложени апликации без потреба од дополнителни податоци како што plug – ini

Веб технологијата тежи кон таков развој да сите сервиси се достапни на секој корисник без разлика каков уред тој корисник користи(компјутер,таблет,телефон)

20

На серверска страна ситуацијата е малку поинаква: Сервери се компјутери задолжени за хостирање на сајтови,чување на бази на податоци,фајлови и сл

Покрај едноставното сместување на податоци серверите можат и да управуваат со тие податоци и да се посредник помеѓу барањето на клиентот и информациите кои се на серверот

21

Вакви сервери овозможуваат многу ефикасно делење на ресурси во мрежа

Тие можат да бидат задожени за различни намени:

- хостинг на статична содржина

- бази на податоци

- e mail сервиси

А некои се задолжени за повеќе сервиси истовремено

22

Најпознати серверски технологии се:

- PHP

- MySQL

- ASP

- ASP.NET

и други

23

PHP се користи за сите можни намени од просто динамичко креирање на страна до сложени интеракции со бази на податоци

MySQL се користи за менаџирање со бази на податоци и многу често во комбинација со PHP

Овие серверски технологии овозможуваат функционирање на сите динамички сајтови денеска од сајтови за вести до форуми и сл

24

Да претпоставиме дека клиентот посетува сајт со најнови вести

Кај статички сајтови постојат само HTML и CSS датотеки кои серверот секој пат би ги доставил на клиентот и содржината би била иста се додека веб дизајнерот рачно не би ги променил датотеките за да на клиентот му ги достави најновите вести

25

За да такво нешто се прави целиот процес би бил долготраен и подложен на грешки

Динамичкиот веб овозможува да ваквиот сајт содржи упростен графички интерфејс каде што новинарите со едноставно пријавување на сајтот и преку едноставни графички формулари внесуваат вести и содржина без никакво знаење за серверските технологии, како и за статичките начини за креирање на веб сајт

26

Во ваков случај серверот ги прифаќа тие податоци, PHP ги обработува и сместува во бази на податоци со помош на MySQL

Кога клиент бара вчитување на страна со најнови вести истиот PHP ги вади вестите од базата на податоци,креира HTML страна, додава содржина, ја прилагодува содржината и ја доставува на клиентот

27

На овој начин сајтот однапред е испрограмиран да биде самоодржлив, максимално автоматизиран и секогаш достапен на клиентот

Секако сето тоа е потребно да биде однапред испрограмирано во PHP,HTML,CSS,JavaScript итн и затоа денеска сајтовите претставуваат многу комплекси целини

28

Изработката на веб страни(сајтови) е работа за која се задолжени веб дизајнери и веб девелопери

Првите најмногу се занимаваат со HTML и CSS, додека вторите пишуваат клиентски и серверски скрипти во JavaScript и PHP од кратки и брзи скрипти до многу големи пресметки и апликации

29

Што е world wide web(www)?

Што е интернет?

Чија сопственост е интернет?

На кој начин компјутерите се поврзуваат на интернет?

Што е интернет адреса(ip адреса)?

Кои адреси се користат моментално а кои ке се користат во иднина?

30

Што е разлика помеѓу јавна и приватна адреса?

Наброј неколку сервиси кои ги нуди интернет?

Што нуди веб сервисот?

Што значи кратенката URL?

Од што се состои една URL адреса?

31

Што е разлика помеѓу пребарувачи и прегледувачи на интернет страни?

Што е разлика помеѓу веб страна и веб сајт?

На кој начин се поврзани различни веб страни помеѓу себе?

Која е главната карактеристика на статичка веб страна?

32

Кои скриптни јазици се додаваат на страна на клиентот, а кои технологии на серверската страна за да се добие интерактивна динамичка страна?

Што е сервер?

За која намена може да биде задолжен еден сервер?

Објасни го примерот со сајт за најнови вести со кој е објаснета разликата помеѓу статичка и динамичка веб страна?

33

Проф.Ставревски Ненад

10.09.2019

34