+ All Categories
Home > Documents > Joint M.Sc. in Software...

Joint M.Sc. in Software...

Date post: 15-Feb-2020
Category:
Upload: others
View: 11 times
Download: 0 times
Share this document with a friend
41
http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 1 Joint M.Sc. in Software Engineering Заеднички постдипломски студии по софтверско инженерство European Union TEMPUS Project CD_JEP-180355-2003 План и програма Верзија: 15 февруари 2006 Содржина: 1. Декларација на проектниот конзорциум 2. Цели на заедничките програми по софтверско инженерство 3. Структура на наставните планови 4. Список на предметите 5. Принципи за прилагодување на наставните планови кон секоја институција 6. Осигурување и контрола на квалитетот 7. Опис на предметите Членови на конзорциумот на Темпус проектот: Humboldt Universitat zu Berlin, Berlin (проф. Klaus Bothe, контрактор) Универзитет у Новом Саду (проф. Зоран Будимац, координатор) Universidad de Deusto, Bilbao (проф. Rebeca Cortazar) De Montfort University, Leicester (проф. Hussein Zedan) Универзитет у Београду (доц. Драган Бојић) Универзитет у Нишу (проф. Милена Станковић) Универзитет Св Кирил и Методиј“, Скопје (проф. Катерина Здравкова) Експерти: проф. Ioan Jurca (Timişoara, Романија) проф. Станимир Стоянов (Пловдив, Бугарија)
Transcript
Page 1: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 1

Joint M.Sc. in Software Engineering Заеднички постдипломски студии по софтверско

инженерство European Union TEMPUS Project CD_JEP-180355-2003

План и програма

Верзија: 15 февруари 2006

Содржина:

1. Декларација на проектниот конзорциум 2. Цели на заедничките програми по софтверско инженерство 3. Структура на наставните планови 4. Список на предметите 5. Принципи за прилагодување на наставните планови кон секоја институција 6. Осигурување и контрола на квалитетот 7. Опис на предметите Членови на конзорциумот на Темпус проектот:

Humboldt Universitat zu Berlin, Berlin (проф. Klaus Bothe, контрактор) Универзитет у Новом Саду (проф. Зоран Будимац, координатор) Universidad de Deusto, Bilbao (проф. Rebeca Cortazar) De Montfort University, Leicester (проф. Hussein Zedan) Универзитет у Београду (доц. Драган Бојић) Универзитет у Нишу (проф. Милена Станковић) Универзитет “Св Кирил и Методиј“, Скопје (проф. Катерина Здравкова) Експерти: проф. Ioan Jurca (Timişoara, Романија) проф. Станимир Стоянов (Пловдив, Бугарија)

Page 2: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 2

1. Декларација Конзорциумот на проектот се соочи со проблеми при дефинирањето единствени наставни планови за заедничките студии по софтверско инженерство прилагодливи за четирите Универзитети во двете држави, Србија и Македонија. Од тие причини, во рамките на овој проект нема да бидат дефинирани фиксирани наставни планови, туку нивни модели, кои потоа ќе бидат прилагодувани кон секоја институција поодделно. Притоа, прилагодените наставни планови и програми имаат заеднички: • цели, структура и листа на предметите • принципи за прилагодување (прифаќање) на наставните планови • механизам за осигурување и контрола на квалитетот • множество материјали (“студиски пакети”) целосно развиени според:

o описот на предметите и o принципите за развивање на материјалите за предметите.

Сите овие елементи се во детали опишани во продолжението на овој документ.

Page 3: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 3

2. Цели на заедничките студии по софтверско инженерство Мисија Постдипломските студии по софтверско инженерство се стремат кон врвно европско образование и обучување на софтверските инженери, кои ќе испорачуваат софтверски системи кои се висококвалитетни и доверливи и кои ги задоволуваат потребите на локалната индустрија. Општи способности на еден успешен студент на заедничките постдипломски програми □ Способност за работа во интердисиплинарни тимови □ Моќ за анализа и синтеза □ Моќ за примена на знаењето во праксата □ Моќ за генерирање нови идеи (креативност) □ Моќ за учење □ Способност за критика и самокритика □ Способност за донесување одлуки □ Познавање втор јазик □ Истражувачки способности

Исходи од учењето на еден успешен студент на заедничките постдипломски програми □ Покажува умешност и критички размислува за знаењата и вештините во софтверското инженерство и поседува професионално искуство неопходно за започнување пракса или истражување како софтверски инженер.

□ Работи индивидуално или тимски во развојот и испораката на софтверски артефакти со висок квалитет и притоа е способен да го анализира нивото на нивниот квалитет.

□ Ги идентификува, анализира и вклопува конфликтните проекти цели, наоѓајќи најсоодветен компромис меѓу цената, времетраењето, знаењето и постоечките системи и организација.

□ Прикажува разбирање и критички ги анализира и применува современите теории, модели и техники кои овозможуваат создавање основа за идентификација и анализа на проблемите, проектирањето, развојот, кодирањето, верификацијата и документацијата на софтверот.

□ Прикажува способност да ја цени и разбира неопходноста од преговор, ефективни работни навики, водство и добра комуникација со нарачателите во една вообичаена софтверска околина.

□ Ги учи новите теории, модели, техники и технологии, ценејќи ја притоа неопходноста од постојан професионален развој.

Page 4: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 4

3. Структура на наставните планови

□ Вредноста на постдипломските студии изнесува 90 ЕКТС кредити. □ Студиите се оргазнизирани во три семестри. □ Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семстар = 15 недели).

□ Првите два семестра се состојат од наставни предмети, додека третиот е резервиран исклучиво за завршниот проект, т.е. магистерската тема.

□ Воведувачки слој: на студените со недоволно предзнаења им се нуди множество воведувачки предмети пред почетокот на првиот семестар.

□ Прв семестар: основни предмети кои му припаѓаат на јадрото (30 ЕКТС).

□ Втор семестар: изборни предмети (30 ЕКТС) □ Трет семестар: завршен проект (30 ЕКТС) □ 1 ЕКТС кредит соодветствува на 20 часови вкупен работен ангажман

□ Неделниот фонд на контактните часови е меѓу 21 и 24.

Page 5: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 5

4. Листа на предметите Листа на предметите од воведувачкиот слој □ Воведување во софтверското инженерство (СЕ-В-01) □ Принципи на програмирањео, кодирањето и тестирањето (СЕ-В-02) □ Управување со проектите (СЕ-В-03) □ Системско моделирање и дизајнирање (СЕ-В-04) Основни предмети 1. Истражувачки методи 1 (СЕ-О-01) 2. Инженерство на потребите (СЕ-О-02) 3. Архитектура, дизајн и модели (СЕ-О-03) 4. Вреднување и тестирање на софтверот (СЕ-О-04) 5. Системска интеграција (СЕ-О-05) 6. Процеси за развој на информационите системи (СЕ-О-06) Изборни предмети 1. Еволуција на софтверот (СЕ-И-01) 2. Компонентно базиран развој (СЕ-И-02) 3. Формални методи во инженерството (СЕ-И-03) 4. Софтверско инженерство за критичните системи (СЕ-И-04) 5. Приватност, етика и општествени одговорности (СЕ-И-05) 6. Применето системско размислување (СЕ-И-06) 7. Деловно моделирање (СЕ-И-07) 8. Е-бизнис (СЕ-И-08) 9. Реинженирање на деловните процеси (СЕ-И-09) 10. Управување со квалитетот на сервисите (СЕ-И-10) 11. Софтверско инженерство за масивни бази податоци: практичен

пристап (СЕ-И-11) 12. Истражувачки методи 2 (насочен кон завршниот проект) (СЕ-О-1) 13. Напредни области во софтверското инженерство (СЕ-И-12) 14. Одбрани области во софтверското инженерство (СЕ-И-13) Завршен проект □ Деталните описи на проектите ќе им бидат понуден на студентите

на почетокот на студиите, но изработката на проектите ќе започне дури во третиот семестар

□ На почетокот на семестарот може да се даде кондензиран вовед со одбрани поглавија сврзани со управувањето со проектите

□ Некои понудени проекти: o Електронска евиденција на пациенти o Електронски паричник o Системи за контрола на летањето o Системи за електронско гласање

Page 6: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 6

5. Принципи за прилагодување на наставните планови 1. Сите предмети се едносеместрални и имаат еднаква вредност. Вкупниот број предмети е 8 или 10 (4+4 или 5+5), при што најмалку 8 предмети мора да бидат одбрани од множеството предмети понудени во овој елаборат. Преостанатите два предмета, ако образовната институција ги воведе, тогаш таа може да ги дефинира по сопствен избор.

2. Вредноста на секој предмет е 6 (во случај на 5 предмети по семестар), или 7,5 (во случај на 4 предмети по семестар). Во вториот случај, за секој предмет, се зголемува обемот на домашните задачи, за да го достигне оптеретувањето соодветно за 7,5 ЕКТС кредити. Бројот на контактните часови по предмет е 4.

3. Воведувачки слој: предметите понудени тука можат да бидат директно применети, но исто така, тие можат да послужат и како препораки кои институцијата да ги искористи во соодветните додипломски студии.

4. Основни предмети: секоја институција може да одбере 4 предмети од листата на основните предмети кои се задолжителни за студентите од првиот семестар. Институцијата може да го промени изборот на предметите секоја година и може да ги насочува студентите кон другите институции кои ги делат заедничките студии по софтверско инженерство.

5. Изборни предмети: во вториот семестар студените можат да одберат 4 предмети од ова множество предмети:

a. преостанатиот предмети од јадрото b. изборните предмети

на сопствената институција или на другите институции кои припаѓаат на заедничките студии. Институцијата може да ги организира студиите по насоки.

6. Институцијата не е обврзана да ги понуди сите изборни предмети секоја година.

7. Институцијата може да вклучи и нов(и) предмет(и) кон множеството изборни предмети, откако тие ќе поминат низ истата процедура за проверка на квалитетот како и претходно дефинираните. За целите и исходите на новите предмети мора да се добие согласност од целиот проектен конзориум.

8. Ако некоја институција сака да сугерира промени во овој елаборат, таа треба да се обрати до проектниот конзорциум во текот на траењето на проектот. По завршувањето на проектот, одлуката ќе ја донесе само конзорциумот на институциите кои ги реализираат заедничките студии.

Page 7: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 7

6. Осигурување и контрола на квалитетот Осигурувањето и контролата на квалитетот се клучни за било која образовна програма. За таа цел, воспоставуваме низа протоколи кои го осигуруваат достигнувањето на највисокото ниво на квалитет на понудните постдипломки студии. Овие протоколи се однесуваат на пет основи компоненти: вреднување на планот и програмата, развој на предметите, испитување, оценка на предметите и избор на студентите. 1. Вреднување на планот и на програмата 1.1 Вреднувањето е процес во кој академската институција одредува

дали: □ новата програма е академски прифатлива □ академските стандарди се соодветно дефинирани и □ студентите имаат најдобри можности за учење

1.2 За проценката се организира посебен состанок, во рамките на кој група колеги од иста институција ја анализира понудената програма

1.3 Групата мора да содржи и надворешни членови (од образованието и индустријата)

1.4 Групата мора да го проучи документот пред настанот. Документацијата се состои од Програмски прирачник (во кој се објаснуваат елементите кои се однесуваат на основните принципи, наставните планови, цените и ресурсите), Прирачник со модели на предметите (со спецификациите на потребите за секој предмет поодделно), Прирачник за изведувачите (со CV-ја на сите изведувачи на наставата) и Студентски прирачник (содржи сè што студентот сака да знае, како на пример, права и обврски при студирањето, предмети, наставници, библиотеки итн.)

1.5 Вреднувањето “лице в лице”, го подложува на тест целиот програмски тим и осигурува дека тимот може да го оправда и одбрани предлогот.

2. Развој на предметите 2.1 Постдипломските студии ќе воведат и одреден број Технички

уредници (ТУ) кои се експерти за одредени теми во областа. Секој ТУ е одговорен за техничкото насочување и развојот на предметите кои се во доменот на неговата област.

2.2 Одредувањето на потребите за секој предмет е јасно документирано во рамките на таканаречениот Опис на предметот. Развојот на предметот мора да ги следи и исполнува опишаните спецификации.

Page 8: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 8

2.3 Секоја промена во предметите мора да биде одобрена од ТУ одговорен за таа област и мора да се одрази и во самиот опис на предметот, доколку тоа е потребно.

2.4 Предметот минува низ мала и детална ревизија секоја година. 2.5 Пред првото одржување на предметот, тој поминува низ две

верзии: скица и завршна верзија. По првото издание, се одржува пробна настава пред одбрана публика (членови на наставниот колегиум) и нивните забелешки се земаат предвид при создавњето на завршната верзија.

2.6 Секој предмет има анкетен формулар, кој студентот треба да го пополни по завршувањето на секој предмет. Овие формулари се собираат, анализираат и му се прикажуваат на ТУ на предметот.

2.7 Секој предмет мора да се оцени од страна на наставничкиот колегиум по секое негово одржување. Оценката мора да води сметка за успехот и впечатоците на студентите, забелешките на надворешните испитувачи и впечатоците на целиот наставнички колегиум. Во случаите кога се наидува на проблеми, оценката води кон активности за подобрување.

2.8 Предметот се отповикува доколку неговите цели не ја исполнуваат оригиналната намера.

3. Испитување 3.1 За испитувањето се предвидени три различни начина: испит без

користење литература, континуирана работа во текот на изведувањето на предметот или комбинација на претходните два начина. Изборот се прави зависно од природата на предметот.

3.2 За да се гарантира исправноста на испитувањето, се воведува внатрешен процес. Со овој процес, внатрешниот модератор го проверува и оверува испитот и/или успехот во текот на изведување на предметот.

3.3 За да се гарантира квалитетот на испитувањето, согласно со националните и заедничките стандарди на студиите, се доделува и надворешен испитувач (НИ). НИ мора да биде искусен стручњак од образованието или индустријата.

4. Избор на студентите 4.1 Заедничките постдипломски студии се напредни, и затоа се

препорачува прием на студентите од следниве групи: • тековни програмери со соодветно и релевантно искуство од софтверското инженерство

• неодамна дипломирани инженери по информатика или софтверско инженерство

Page 9: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 9

• искусни информатичари или софтверски инженери на кои им е неопходно дообразување или сакаат да напредуваат во кариерата

• студенти кои сакаат да се вклучат во истражувачка работа на повисоки нивоа во софтверското инженерство

За идните студенти не постојат никакви посебни ограничувања во однос на просечната оценка на додипломските студии, освен ако тие не се пропишани со националните закони или со правилата на Универзитетот.

4.2 Дипломираните студенти по математика, електротехника и

физика исто така можат да бидат идни студенти на постдипломските студии, со оглед на тоа што овие студии нудат и воведувачко ниво, во рамките на кое се овозможува стекнување адекватни познавања од софтверското инженерство неопходни да се следат овие студии.

4.3 Како општа препорака за сите идни студенти на заедничките

постдипломски студии, ги наведуваме основните способности кои се очекуваат од секој студент. Оваа листа може да и послужи на институцијата за проценка дали за одредени студенти е неопходно да се организира воведувачкиот слој предавања.

• Основни познавања од главните математички области • Способност за логичко размислување и формулација на условите и заклучоците на формален или формализиран начин

• Способност да се осознае и формулира проблем, и потоа да се моделира со цел да се анализира и реши

• Искуство барем со процедуралните и објектно-ориентираните програмски јазици

• Познавање на сите фази на развојот на софтверот: потреби, анализа, проектирање, кодирање, тестирање, одржување

• Практични вештини во програмската околина, како релационите бази податоци или CASE алатките

• Разбирање на современите трендови на развојот на информатиката

• Способност за прилагодување кон новите околности, способност да се научат нови модели, техники и технологии и почитување на потребата од постојано професионално надградување

• Почитување на основните етички и општествени одговорности на информатиката

4.4 За студентите кои во текот на претходното школување освоиле

помалку од 210 кредити, или завршиле тригодишни студии, ќе се организира настава во рамките на воведувачкиот семестар во кој ќе се изучуваат предмети од научните области на информатиката.

Page 10: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 10

5. Осигурување на квалитетот на студиските пакети Секој целосно оформен предмет се опишува со студиски пакет, кој ги содржи следниве елементи: 5.1 Детален опис на предметот, во кој елементите на предметот се

пречистени и детализирани и опис на предметот кој ги содржи: а) барањата на наставникот (опис на задачата) за секој предмет и б) прецизни правилата за испитување и постојано оценување.

5.2 Дополнителна литература за наставниците. 5.3 Презентациски материјал, по можност слајдови во PPT формат. 5.4 Забелешки за наставникот, посебно како додаток кон слајдовите,

кои го објаснуваат начинот на кој содржината на слајдовите треба да се употреби во наставата.

5.5 Материјали за теоретски вежби (задачи, правила, решенија, …) 5.6 Материјали за практични вежби (задачи, правила, решенија, …) 5.7 Дополнителна литература за студентите (список и конкретен

материјал)

Page 11: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 11

Во процесот на создавање и користење на студиските пакети, ги дефинираме следниве улоги и обврски:

Технички уредници, развивачи и инструктори: Квалитетен тим

Улоги и нивните обврски во обезбедувањето квалитет на студиските пакети

Надворешни испитувачи

Тех. уредници

Развивачи

Наставници

Студенти

проценува

советува

контактира

анализира

обезбедува

развива

контактира

одржува

проценува

прибира

комуницира

бележи впечатоци

испитува

учи

учествува

дава мнение

Page 12: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 12

7. Опис на предметите

Page 13: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 13

ВОВЕДУВАЊЕ ВО СОФТВЕРСКОТО ИНЖЕНЕРСТВО (СЕ-В-01) ЦЕЛ: Овој предмет ги нуди основните предзнаења и концепти на софтверското инженерство. Неговата цел е да биде и кусо воведување (клучно за оние кои имаат познавања од областа) и потсетник за оние кои треба да го обноват знаењето од областа. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Има способност да го одбере соодветниот модел на животниот циклус за развој на

софтверот. • Го разбира значењето и ги применува соодветните потреби, анализата, проектирањето,

градбата и методологии на тестирањето. • Применува распространети процеси, вклучувајќи ги осигурувањето на квалитетот,

управувањето со конфигурацијата, планирањето на проектот и управувањето со ризиците. • Ги открива клучните активности за користење на софтверот. • Ги поддржува елементите за одржување на софтверот и во почетната фаза и во фазата на

надградба. • Ги споредува структрурните и објектно-ориентираните техники. • Ги поврзува најдобрите пракси на софтверското инженерство, избегнувајќи ги вообичаените

грешки кои предизвикуваат пропаѓање на проектите. • Ги применува техниките кои ја потпомогнуваат организацијата, со цел да се достигнат

стандардите ISO 9001 и SEI CMM. • Ги оценува вредностите на различните CASE алатки. СОДРЖИНА: • Софтвер: уметност или наука? • Животниот циклус на програмите • Прифаќање и управување со потребите (барањата) • Фаза на анализа • Проектирање и изградба • Тестирање, користење и надградба • Вградување квалитет • Планирање и управување со проектот • CASE алатки • Создавање на проектот

Page 14: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 14

ПРИНЦИПИ НА ПРОГРАМИРАЊЕТО, КОДИРАЊЕТО И ТЕСТИРАЊЕТО (СЕ-В-02) ЦЕЛ: Овој предмет воведува две комплементарни теми: (1) традиционалното, императивно програмирање и (2) примена на стандардните линеарни податочни структури и алгортимите за нивно управување. Како основен јазик во овој предмет се подразбира програмскиот јазик C. Покриени се клучните аспекти на основниот јазик, вклучувајќи ги најважните библиотечни функции и основните техники на проекирање и тестирање. Предметот е посебно погоден за оние кои сакаат да се знаат како се контролираат сметачите користејќи софтвер наменет за традиционалната Фон-Нојманова архитектура. Ова е воведниот курс по програмирање. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Развива мали C програми, користејќи текст едитор, компајлер и линкер; ги одбира и користи

стандардните библиотечни функции и ги прилагодува постојните алгоритми. • Создава соодветна стратегија за тестирање на компјутерските програми и ги применува

стандардните техники за дебагирање со цел да ги открие и коригира семантичките грешки. • Создава и пишува софтвер кој ги вклучува линеарните податочни структури заедно со

алгоритмите за пребарување и подредување на податоците. • Ги опишува својствата на однесувањето кај стандардните техники за пребарување и

подредување. СОДРЖИНА: Дел I: Основи на процедуралните јазици: наредби, типови, оператори, изрази, низи, избор, итерации, полиња и стрингови. Дел II: Мали програмски конструкции: функции, структури, покажувачи, опсег на променливите и животен век Дел III: Линеарни податочни структури и алгоритми: Поврзано и оддалечено сместување; линеарни структури; подредени и неподредени листи; пребарување и подредување. Дел IV: Тестирање на софтверот

Page 15: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 15

УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИТЕ (СЕ-В-03) ЦЕЛ: Овозможува стекнување основни вештини за управување со проектите, со силен нагласок врз елементите сврзани со испораката на успешен ИТ проект. Предметот е замислен така што ќе овозможи длабоко сфаќање на посебните проблеми на кои се наидува при ракувањето со ИТ процесите, а на студентите ќе им се понудат методи, техники и практично искуство за нивното совладување. По завршувањето на предметот, студентите ќе бидат доволно обучени за да го преземат водството во испораката на успешни ИТ инвестиции. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Разбирање и примена на процесите на управување со проектите и нивна примена за

испорака на успешни ИТ проекти. • Вреднување на проект за да се одреди неговиот домен на делување, да се обезбеди добра

проценка на трошоците и да се планираат различни активности. • Сфаќање и искористување на оние техники за анализа на управувањето со ризиците со кои

се иденификуваат факторите кои го вовлекуваат проектот во ризик и со кои се квантифицираат потенцијалните ефекти на ризик на проектната временска скала.

• Идентификување на ресурсите неопходни за проектот, произведување работен план и распоред на ресурсите.

• Следење на напредокот на проектот и проценка на ризикот од пропаѓање, пренасочување на целите или спречување на текот.

• Препознавање на различните типови проекти и следење на фазите неопходни за создавање најсоодветен договор.

СОДРЖИНА: • Вовед во ракувањето со ИТ проектите: препознавање на софтверските проекти меѓу други

развојни проекти. Дефинирање на доменот на “ракување со софтверските проекти“. Структуриран пристап кон планирањето на проектите.

• Спроведување на проценката на проектот според стратешки, технички и економски критериуми. Користење разни техники за проценка на релацијата цена-квалитет. Проценка на ризиците кои се појавуваат и избор на соодветни техники за намалување на потенцијалната цена. Избор на соодветен процесен модел, намалувајќи ги ризиците со постапна надградба.

• Проценка на цената на проектот со пристапот од крајот кон почетокот: сфаќање на методите за проценка кои се користат за да се разбере параметарскиот COCMO (COnstructive Cost MOdel). Производство на план за акција за проектот користејќи го MS Project. Создавање критичен пат и мрежа на приоритетите во проектот. Откривање на факторите кои го доведуваат проектот во ризик.

• Одредување на ресурсите неопходни за создавање план и распоред на задачите во проектот. Следење на напредокот на проектот и проценка на ризикот од откажување. Подесување на целите за да се поправи или спречи ризикот. Проверка на промените на проектните барања. Сфаќање на предносите и недостатцоите од користењето на добрата и сервисите донесени од други организации. Разликување на различните типови договори: следење на фазите неопходни за преговарање за да се дојде до најдобар договор. Проценка на понудата.

• Одредување на оние фактори кои влијаат врз однесувањето на луѓето во проектната околина. Зголемување на мотивацијата на вработените и подобрување на групната работа. Сфаќање на значењето на стандардите за квалитетот на софтверот за да се осигура исполнувањето на проектните барања.

Page 16: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 16

СИСТЕМСКО МОДЕЛИРАЊЕ И ДИЗАЈНИРАЊЕ (СЕ-В-04) ЦЕЛ: Предметот ги насочува студентот кон стекнување практично искуство во врска со развојот на софтверот. Поспецифично, студентот работи како дел од тим за развој на софтверот според понудени спецификации и документ за дизајнот. Развојот се врши врз моќна платформа, како на пример .net. Се воведуваат основните концепти на OO парадигмата и на RAD развојниот пристап и се дава преглед на средствата со кои се прифаќаат и моделираат системските барања. Се разработува преминот од моделите за анализа кон модели за дизајн, имајќи ги предвид и објектниот и системскиот дизајн. Испитани се начините врз кои се тестираат примерите за да го гарантираат квалитетот на производството на софтверот. Во тек на предметот, се развиваат модели со примена на UML (Unified Modelling Language), кој е индустриски моќен стандард за ОО моделирање. Се воведува примената на проектните шаблони, од кои еден дел се применуваат за специфицирањето на ОО проектните модели. Даден е преглед на улогата на методологијата при специфицирањето, воведувајќи ги притоа современите методологии за развој на софтверот (на пр. Unified Software Development Process) како рамка за спроведување анализа и дизајн на активностите. Предметот ќе го поттикне користењето на софтверските алатки секаде каде што е возможно, во областите како: заедничко (колаборативно) работење, тестирање на производот, контола на верзиите и документацијата. Студентот ќе стекне искуство во развојот на софтверот, неговото тестирање и адапивно одржување, сè до стекнување блискост со модерните развојни рамки. Во текот на предметот, студентот ќе биде поттикнат да го согледува стекнатото искуство и да води сопствени белешки. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Ги пресликува спецификациите и дизајните во код. • Ги објаснува најважните елементи вклучени во колаборативното создавање софтвер,

тестирањето и одржувањето. • Ја објаснува ОО парадигма и ги открива значајните елементи кои се појавуваат при развојот

на ОО системски спецификациски модели. • Создава множество системски спецификациски модели кои користат најсоодветни техники

за моделирање на објектите кои ги прикажуваат различните перспективи во развојот на одделните системи (на пр. градба на UML модели како корисничките ситуации, класните дијаграми, дијаграмите на активности, дијаграмите на взаемодејствие, графиконите на состојбите и дијаграмите на пакетите);

• Ги користи CASE алатките за да ги создаде и документира анализата и проектните модели на најдоследен начин;

• Објаснува како се организираат активностите при анализата и дизајнирањето кај врвните методологии за развој на системите (на пр. Unified Software Development Process) и го дискутира придонесот од примената на методологии при создавањето квалитетни софтверски системи;

• Ги објаснува својствата на современите рамки за развој на софтверот кои поддржуваат контрола на пристапот, повеќејазично програмирање и контрола на верзиите и новите модели

СОДРЖИНА: • .net околина – структура; способности; навигација; сервиси. • Основни концепти на објектно-ориенираната парадигма и RAD пристапот при развивањето

софтвер. • Приказ на традиционалните пристапи за наоѓање факти при извлекувањето на фактите за

системските потреби и барања. • Преглед и примена на RAD техниките, како JAD, Use Case и task-scripting. • Преглед на техниките кои се користат при анализата и моделирањето на логичките барања,

изразени со UML моделите. • Системска анализа наспроти системски дизајн: од анализата на множество документи кон

модели за дизајнирање.

Page 17: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 17

• Воведување на елементите за системски дизајн: објектен дизајн (доделување на одговорностите, CRC картички, релации на видливост и дизајнот, специфицирање и обединување на условите), олеснување на повторното користење (спарување и кохезија), концепти на системскиот дизајн, одредување на целите на дизајнот, софтверска архитектура (слоевитост и разделување, потсистеми, развој), дизајнирање на интерфејсите (стратегии за одржливо ракување со податоците, откривање на конкурентноста и контрола).

Page 18: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 18

ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ (СЕ-О-01) ЦЕЛ: Предметот ќе ги воведува и развива концепите, организационите структури и испорачливоста на истражувачките проекти, користејќи притоа квалитативни и квантитативни методи. Со цел да се прошири на постдипломско ниво, се очекува висок степен на разбирање и почитување на начинот на организација, планирање и извршување на техничките истражувачки проекти. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Подготовка, планирање и следење на истражувачките проекти; алатки и вештини неопходни

за критичка проценка и анализа на проектните резултати. • Формулација, планирање и комуникација кај истражувачките проекти. • Избор и сфаќање на процедурите и методите за структурирање, обединување и ракување

со информациите и податоците во една техничка околина. СОДРЖИНА: • Проектни пристапи ‘ракување со проектите”

- управување со проектите - управување со квалитетот

• Комуникациски вештини - презентациски вештини - пребарување на литературата и патентите - пишување технички извештај

• Методи и истражување - анализирање на проблемите и техники за решавање на проблемите; методи за структурирање на проблемите - квалитатвни методи за системска/процесна анализа и оценка на однесувањето - квалитативни методи за обединување и анализа на податоците; експеримент и собирање на податоците; анализа на варијансите, статистичка контрола на квалитетот, статистичка контрола на процесите - плагијати и цитирање - здравствени и сигурносни аспекти на истражувањето

ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот

Page 19: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 19

ИНЖЕНЕРСТВО НА ПОТРЕБИТЕ (СЕ-О-02) ЦЕЛ: Инженерството на софтверските потреби е наука и дисциплина која се занимава со воспоставувањео и документирањето на софтверските потреби и барања. Тоа се состои од извлекување на софтверските потреби, анализата, спецификацијата, верификацијата и управувањето. Од друга страна, инженерството на системските потреби е наука и дисиплина која се занимава со анализа и документирање на системските потреби. Тоа го опфаќа трансформирањето на оперативните потреби во системски описи, параметри на системкото однесување и системската конфигурација. Ова се постигнува со итеративен процес на анализа, дизајн, студии на замена и прототипи. Предметот има цел да му овозможи на студентот да стекне суштинско разбирање и способност за критичка проценка на инженерството на потребите и кај софтверот и кај системите. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критичка проценка на основните модели за управување. • Критичка проценка на основите на инженерството на потребите. • Почиување на клучните елементи на инженерството на потребите и на архитектонскиот

дизајн. • Практична примена на елементите на можноста за следење кај сисемите за инженерство на

потребите. • Критичка оценка на улогата на алатките и методите на инженерството на потребите. СОДРЖИНА: • Околина на потребите • Својства на потребите • Доделување место на потребите и/или односи меѓу задачите • Потреби наспроти примена на дизајнот • Квалитет на потребите • Систем и системско инженерство • Врска со корисничкиот аналитичар • Концепт на операциите: поврзување на операциските барања и техничките спецификации • Техники за извлекување на потребите • Инженерство на потребите со погледи и корисничките ситуации ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот

Page 20: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 20

АРХИТЕКТУРА, ДИЗАЈН И МОДЕЛИ (СЕ-О-03) ЦЕЛ: Софтверската архитектура е активна област со растечки интерес меѓу истражувачите и инженерите кои се занимаваат со областите на софтверското инженерство и софтверскиот дизајн. Во потесна смисла, софтверската архитектура е: “опис на потсистемите и компонентите на софтверскиот систем и односите меѓу нив”. Зголемената непостојаност на потребите и неопходноста, во реално време да им се одговори на промените кои се појавуваат во деловните и применливите домени, бараат софтверскиот дизајн да создава системи кои се лесно надградливи и променливи. Во софтверската индустрија е зголемена потребата за поддршка на еволуцијата на потребите, брзото додавање сервиси и широкиот спектар на корисничките барања. Се нудат голем број нотации и алатки за моделирање на архитектурите, а наедно и голем број архитектонски стилови за создавање робусен, надградлив и доверлив софтвер. Експлицитниот фокус кон архитектурата, во спрега со најдобрите решенија при анализата и дизајнот, покажаа големи можности за подобрување на актуелната состојба во развојот на софтверските производи. Предметот се осврнува врз овие елементи како на централна цел при дизајнот и го воведува студентот во богатството на техниките за моделирање и дизајн кои се однесуваат на објектно-ориентираниот развој на софтверот. Предметот ги опфаќа сите аспекти при дизајнирањето на софтверот, од архитектонските елементи (стилови, шаблони, погледи), до моделите на дизајнот кои се опишуваат како “вообичаено решение на вообичаен проблем во даден контекст” на ниско ниво на апстракција. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Јасно почитување на влијанието на апстракцијата, моделирањето, архитектурата и

шаблоните во развојот на софтверските производи. • Критичко дискутирање и истражување на клучните концепти кај софтверските архитектури,

дизајни и шаблони. • Критичко дискутирање и истражување на архитектонските и дизајнирачките можности, со

можност да се генерира разумна алтернатива за секој проблем и да се одбере меѓу неколку понудени можности.

• Можност да се препознае и да се создаде соодветен шаблон за одреден проблем. • Да се применат практични вештини за да се генерираат и организираат софтверски

архитектури и дизајни базирани на функциски барања кои можат да се следат. СОДРЖИНА: • Теорија на софтверската архитектура • Аналогија со архитекурата • Елементи на софтверската архитектура

- Архитектонски стилови (ABAS) - Архитектонски шаблони (Водени од настаните, слоевити, Pipes&Filters, …) - Јазици за опис на архитектурите

• Интеракција меѓу потребите и архитектурата • Главни планови наспроти пацијален раст • Анализа и оценка на архитектурата (SAAM, оценка базирана на сценарија) • Архитектура водена од моделите • Од архитектура кон шаблони • Архитектури за одново користење • Дизајнирачки шаблони • Рамки и алатки ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 21: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 21

ВРЕДНУВАЊЕ И ТЕСТИРАЊЕ НА СОФТВЕРОТ (СЕ-О-04) ЦЕЛ: Со зголемувањето на важноста на компјутерските системи во индустријата и општеството, техниките кои го поддржуваат производството на доверлив софтвер стануваат позначајни. Комплексноста на многу компјутерски системи побарува примена на низи вакви техники. Двата најветувачки приода се формалните методи и тестирањето на софтверот. Вообичаено, формалните методи и тестирањето на софтверот се сметаат за спротивставени. Затоа, вземната размена на информациите и интеракцијата меѓу нивните застапници недостасува. Последниве години, дојде до компромис, според кој овие два приода се комплементарни. Тоа доведе до истражување на начините на кои овие два приода се надополнуваат. Користењето на формалните спецификации или модели ја елиминира двосмисленоста и на таков начин ја намалува опасноста грешките да бидат вклучени при развивањето на софтверот. Во случаите кога постои формален метод, и изворниот код и спецификациите можат да се третираат како формални објекти кои можат да се анализираат и со кои може да се ракува. Користењето на формалните спецификации ја овозможува формалната, па евентуално и автоматската анализа на односите меѓу спецификациите и изворниот код. Се очекува ова да има форма на доказ, но ваквиот доказ не ја гарантира оперативната точност. Затоа, дури и тогаш кога доказ постои, неопходно е да се примени и динамичкото тестирање. Тестирањето на софтверот е значајно и традицонално е исклучително скап дел во процесот на развивањето софтвер. Студиите покажуваат дека во голем број случаи тие зафаќаат дури 50% од целокупната цена за развој. Таму каде што постојат формалните спецификации и модели, тие можат да бидат користени како основа за автоматзација на процесот на тестирањето. Ова може да води кон поефикасно и поефективно тестирање. Оттука произлегува дека автоматизацијата на делови од тестирањето на софтверот е една од најзначајните придобивки од користењето на формалните спецификации. Врската меѓу тестирањето и формалните методи води кон генерирањето тестови од формалните спецификации. Предметов има цел да ги воведе и критички да ги анализира моменталните техники за тестирање на софтверот, со посебно внимание на формалните методи. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критичко проценување на важноста од тестирањето на софтверот. • Почитување на потребите и полезноста од формалните методи во процесот на

тестирањето. • Развивање интегриран пристап за тестирање на софтверот и формалните теории. СОДРЖИНА: • Воведување во основите на тестирањето • Структурирано тестирање • Функционално тестирање • Основи за комбинирање на формалните методи и тестирањето • Модел на база на формалните методи • Тестирање базирано на конечните автомати • Алгебарски специфицирано тестирање • Тестирање со UML динамичките дијаграми • Временска логика • Проверка на моделите и нивната улога во тестирањето • Управување со процесот на тестирањето софтвер ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 22: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 22

СИСТЕМСКА ИНТЕГРАЦИЈА (СЕ-О-05) ЦЕЛ: Овој предмет нуди сеопфатно сфаќање на техничките елемени вклучени во проектирањето и примената на модерните дистрибуирани системи преку интеграција. Тој исто така ги воведува различните концепти и пристапи во интегрирањето на софтверот. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критички ги проценува различните можности за интеграција. • Ги почитува потребите и полезноста од различните модели и простапи во системската

интеграција. • Критички ги проценува, дизајнира и користи објектно-ориентираните дистрибуирани

системи, како што се Common Object Requested Broker Architecture (CORBA) и Web Services Model.

• Ги применува простите дистрибуирани системи кои можат ефективно да комуницираат со постојните и новите архитектури.

СОДРЖИНА: • Интеграција – преглед • Средно-ориентирана интеграција со помош на CORBA

o архитектури o посредници – IDL o клиенти o сервери o CORBA наспроти RMI & RPC

• Воведување во XML • Интеграција со Web сервисите

o модел o архитектура o XML-базирани протоколи o UDDI o WSDL o SOAP o Simple Web-services (SWS) o објавување на сервисите o пронаоѓање на сервисите o активирање на сервисите

• Компонентно-ориентирана интеграција o модел и архитектура o трансакциски компоненти (Transaction EJB)

• Семантички-ориентирана интеграција o архитектури o агентно-ориентиран пристап o интелигентни сервиси o комуникација агент-сервис

ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 23: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 23

ПРОЦЕСИ ЗА РАЗВОЈ НА ИНФОРМАЦИОНИТЕ СИСТЕМИ (СЕ-О-06) ЦЕЛ: Овој предмет опфаќа два значајни аспекта на развојот на информационите системи (РИС / Information Systems Development - ISD): избор и проценка на методологиите и управување со процесот на развојот на системите. Се разгледуваат различните РИС (ISD) платформи и методологии, вклучвајќи ги “тврдите” објектно-ориентирани и структурирани пристапи, “меките” и учесничките пристапи и “тешките” и “агилни” методологии. Ќе биде развиена рамка за споредба и проценка на методологиите за да се помогне во одлуката за применливоста на одреден развоен проект или околина. Ќе се разгледуваат начините на кои се применуваат овие методологии во праксата. Успешното испорачување на компјутерски базираните информациони системи на купувачите, независно дали е внатрешно или надворешно, бара планирање: анализа на проектот, неговите потенцијали како инвестиција, предности и ризици. Менаџерот мора да биде убеден дека проектот ќе биде успешен, може да се контролира, дека ресурсите ќе станат расположливи и треба да планира (што е можно подетално) пред да ги прифати излагањата. Важноста на способноста да се урамнотежат клучните проектни потреби на временската скала, буџетот, квалитетот и испорачаната функционалност ја прави улогата на менаџерот предизвикувачка и исполнувачка. Успехот на проектот не зависи само од техничките елементи; обврската кон корисниците, сопственоста на системот, ефективната комуникација, јасната идентификација на полезноста и управувањето со испораката и други “помеки” елементи се клучните фактори кои го одредуваат успехот. Ќе се истражуваат и критички ќе се проценуваат различните пристапи за управување со проектите во контекст на методолошкиот пристап (на пр. SSADM/PRINCE, агилен развој). Персоналните елементи (на пр. изборот, обуката, мотивирањето, создавањето тимови, стил на водството) имаат значајно влијание врз успехот на проектот и ќе бидат разгледувани во контекстот на РИС (ISD). ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Се дискутираат придобивките и слабостите на различните РИС (ISD) методологии и

елементите кои се однесуваат на нивното прифаќање. • Се уточнуваа изборот на меодологијата најоодветна за одреден РИС (ISD) проект. • Се одредуваат најважните елементи при планирањето и изборот на персоналот при

управувањето со ИС проеки и се препоражуваат соодветни техники и методи за даден проект.

• Се дискутираат потребите од свесноста и чувствителноста при управувањето со организаионите односи и важноста од ефективни структури за информирање и комуницирање.

• Се препорачува најсоодветниот начин на кој ќе се проценат придобивките од системот. СОДРЖИНА: Методи: − Развој на информационите системи: преглед на најважните концепти, животен циклус,

дефиниција на методологијата, фактори кои влијаат врз користењето на методологијата − Рамки за проценка на методологијата − Објектно-ориентирани методологии, на пр. (Rational) Unified Process − Структурирани методологии, на пр. SSADM − Развој од “тешки” кон “агилни” пристапи, на пр. DSDM, XP − “Меки“ методологии, на пр. Soft Systems Methodologu − Учеснички пристапи, на пр. DSDM, ETHICS − Интегрирани притапи, на пр. Multiview − Спеијалистички апликации и нивни методолошки потреби, на пр. Web Information Systems − Елементи кои се однесуваат на воведувањето и примената на методологиите − Етичките аспекти на РИС Управување: − Природата на проектот, неговите компоненти, ризици, фактори на успехот и придружни

политики − Оправдување на инвестициите во ИС. Пристапи за зголемување на инвестициите.

Page 24: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 24

− Одредување и управување со придобивките. − Организација на системскиот развој. Структури за извештаите. − Планирање и контрола на проектите. Структури за прекин на работата. Проценка, буџет,

методи за планирање (PRINCE 2) − Админитрирање на проектот. Следење и прегледување. Управување со конигурацијата ио

рпомена на контролата. − Управување со пероналот, мотивација, лидерство. − Управување со квалитетот. Стандарди и акредитација. − Управување со софтверските ризици − Управување со објектно-ориентираните проекти (одново користење), Rapid Application

Development (DSDM), екстремно програмирање − Управување со обемни проекти. Извештај во тек на примената и по примената. ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 25: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 25

ЕВОЛУЦИЈА НА СОФТВЕРОТ (СЕ-И-01) ЦЕЛ: Со појавата на новите архитектури, потребата од нови функционалности, подобрувањето на техниките за дизајнирање и/или промените на деловните цели и процеси, се појави силна потреба да се разработат постоечките софтверски системи, сочувувајќи го нивниот континуитет на користењето. Таквиот развој побарува различни техники за она е познато под името реинженерство. Под реинженерство се подразбира начинот за истражување, разбирање и промена на системите со цел да се редизајнираат или да се применат во друга форма. Процесот на реинженерство на еден систем според тоа бара: 1. конструкција на повисока апстракција на системот, процес познат како реверсно (обратно)

инженерство (reverse enginnering) и 2. развој на нови системи почнувајќи од повисокото ниво на спецификации на потребите, т.е

инженерство нанапред (forward enginnering) Препознавањето на функционалноста на постоечки код обично се смета за најтешкиот аспект во процесот на реинженерството. За да може еден систем успешно да се реинженира, неопходно е да се идентифицираат одлуките, планираното користење и деталите на спецификациите на доменот. Овој предмет има цел да ги воведе и критички анализира тековните техники на софтверската еволуција и да им овозможи на студентите практично искуство, користејќи индустриски моќни алатки, познати како FermaT. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критички ги проценува тековните принципи на софтверската еволуција • Ги осознава техниките за реинженерство за софтверска миграција и апстракција • Ги применува правилаа за трансформација за миграција на времето и деловно критичниот

софтвер • Развива интегрирани пристапи за животниот циклус на софверската еволуција • Стекнува практично искуство користејќи индустриски алатки, како FermaT. СОДРЖИНА: • Принципи и таксономии за софтверската еволуција • Еволуцијата во рамките на развојните животни циклуси • Lehman-овите закони на еволуцијата • Управувачките аспекти на софтверската еволуција • Open source системи и нивната еволуција • Рефакторизација • Аспектно-ориентирана софтверска еволуција • Јазици со широк спектар (Wide Spectrum Language (WSL)) и нивната примена • Трансформациони теории и нивната примена • Алатки (на пр. FermaT) и софтверската миграција и апстракција ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 26: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 26

КОМПОНЕНТНО-БАЗИРАН РАЗВОЈ (СЕ-И-02) ЦЕЛ: Развојот на модерните и дистрибуирани компјутерски системи во рамките на фирмите е комплексна активност. Елементите на опсежност и дистрибуција го надополнија општиот притисок на “софтверската криза”, резултирајќи со неспособност на софтверската индустрија да ги исполни очекувањата на брзиот развој на хардверот. Еден пристап кој се занимава со овие проблеми е компонентно-базираниот развој (КБР / Component Based Development (CBD)). КБР беше “светиот грал“ на софтверското инженерство сè до славната НАТО конференција за софтверското инженерство во 1968 на која се воведе поимот. Технолошкиот развој во последнава деценија конечно резултираше со итноста од пазарот за компоненти, но КБР исто така ја промени и природата на процесот на развој на софтверот. Овој предмет нуди историски преглед, со цел да се сфатат елементите и тешкотиите вградени во КБР кои го успорија неговиот развој, овозможувајќи притоа продор кон тековната состојба преку изложување на индустриски моќен КБР процес. Тој нуди практичен вовед во клучните техники за моделирање кои се користат во различните фази на КБР проект со цел да се идентификуваат и специфицираат деловните компоненти како “независни делови на развојот и замената”. Предметот илустрира како објектно-ориентираните принципи се покоруваат на овие техники и покажува како тие можат да се вклопат во заеднички “од крај до крај” развоен процес. Целта на предметот е да им овозможи на студентите да стекнат практичен и интегриран преглед на КБР од обединување на потребите преку развојот на еден КБР систем. За таа цел се користи обемен пример, кој е веќе делумно имплементиран, и врз него се поминува низ текот на еден КБР проектен животен циклус. Предметот прикажува релевантна теорија вклучувајќи ги: концептот на КБР, историјата на КБР, објектите наспроти компонентите, деловните компоненти и софтверските архитектури, дизајнот според договор, Unified Modelling Language (UML) како визуелна алатка за КБР, моделирањето на проблемскиот простор и просторот на решението, Object Constraint Language за специфицирање на пред- и по- условите над операциите, споредувајќи ги развојните процеси наменети да го поддржат КБР. Предметот исто така поставува основа за практични вештини и разбирање на КБР која потенцијално ќе му обезбеди непосредна предност на студентот во професијата. Кориснички водените техники се истражени во длабочина, се применува моделирањето на спецификациите користејќи подмножество на UML заедно со релевантни профили и се истражува примената во контекстот на специфични околини за извршување по компоненти, со цел на студентот да му се даде избалансирано и продлабочено теоретско и практично знаење од областа. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критички ги дискутира и истражува клучните концепти на компонентно базираниот развој и

неговото влијание врз деловната информатика и врз областа на софтверското инженерство • Ја сфаќа теоретската основа на КБР • Применува соодветни техники за извлекување детални и стриктни компонентни

спецификации од множеството на корисничките барања • Применува практични компонентно-развојни вештини во приената и развојот на значајни

деловни компоненти во околините за компонентно извршување СОДРЖИНА: • Основа • Компонентно-базирани софтверски архитектури • UML за компонентно-базиран развој • CBO ’96 (потреби, спецификации, провизорен тек) • Деловни објекти • Компонентни технологии (EJB, Microsoft технологии, CORBA) • Комбинирани компоненти – примери

o пристапување кон стариот код o Web сервиси o COTS

• Елементи на системската интеграција • Алатки ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема

Page 27: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 27

ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 28: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 28

ФОРМАЛНИ МЕТОДИ ВО ИНЖЕНЕРСТВОТО (СЕ-И-03) ЦЕЛ: Формалните методи се тие методи кои имаат призвук на математика. Тие вообичаено се користат при специфицирањето и дизајнирањето на критичните системи кај кои грешките можат да предизвикаат катастрофални последици како смрт, оштетување на околината, загуба на пари и сл. Сепак, примената на овие методи при дизајнирањето и равојот на обемни системи не е раширено онолку колку што во почеток било очекувано. Неопходен е механизам кој ќе ги обликува овие методи за да можат да бидат користени во индустријата и кај обемните системи. Овој предмет има цел да му понуди на студентот сеопфатно разбирање и критичка проценка на формалните методи и да даде детален приказ на посебна техника базирана на теоријата на автомати и индустриска алатка која ја поддржува, како што е, на пример, Statemate. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критички ја проценува основата за потребата од доверливоста кај обемните компјутерски

системи. • Критички ги проценува основите на формалните методи. • Ги прифаќа клучните елементи во примената на формалните техники во целокупниот

животен циклус кај инженерството на потребите и архитектурниот дизајн. • Критички ги проценува различните типови обемни системи од транформациони до хибридни

системи. • Критички ја проценува улогата на алатките и методите за инженерството на формалните

методи. СОДРЖИНА: • Обемни системи • Таксономија на формалните методи • Трансформациони, реактивни системи или хибридни системи • Теорија на автомати • Развојни методи базирани на состојби • Дијаграм на состојбите и на активностите • Семантиката и развојот кај, на пр. Statemate • Аспектите во реално време кај, на пр. Statemate • Анализа на случаи ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 29: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 29

СОФТВЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО ЗА КРИТИЧНИТЕ СИСТЕМИ (СЕ-И-04) ЦЕЛ: Критични системи (КС) се оние системи чии операции носат ризик по човековиот живот, здравје, економија или околина. Типично, еден КС е обемен и комплексен индустриски систем или производ, кој бил создаден како резултат на напорот на мултидисциплинарни тимови. Затоа, инженерството и оценката на модерните КС се комплексна и мултидисциплинарна задача која честопати вклучува машински, електро и софтверски инженери и психолози. Потребни се и вештините на економистите; социолозите исто така имаат улога во воспоставувањето на интеракцијата меѓу комплексните системи и тимовите оператори. Целта на овој предмет е да ги воведе и критички анализира КС. Ќе бидат воведени потребите од инженерство на КС и улогата на формалните приоди во животниот циклус на КС. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критички ги проценува тековните таксономии на КС, вклучувајќи ги и меѓународните

стандарди. • Критички ја проценува примената на формалните методи во животниот циклус на КС. • Ги оценува клучните елементи на временски критичните системи и на ниво на

спецификација и на ниво на дизајн. Ова ќе вклучи и техниките на распоредување. • Критички ја проценува примената на темпоралната логика за инженирање и реинженирање

на КС. СОДРЖИНА: • Класификација и анализа (примери, анализа, таксономија, напори за стандардизација –

Велика Британија, Европа, САД) • Временски-критични системи

o Што се тие? o Технички елементи (дизајн и архитекура, спецификации, распоредување, доверливост

и зависност) • Улогата на формалните пристапи

o Софтверот кај КС o Цели и причини o Осигурување o Формалните приоди во животнио циклус на КС o Примери за формални приоди (базирани на модели, логика, процесни алгебри,

рафинирање) • Улогата на формалните пристапи

o Рационален и модел (зошто, зошто е потребен, информатички модел) o Интервална темпорална логика (синтакса, семантика, алатки (на пр. TEMPURA:

извршно подмножество) o Калкулус на прочистување (временски агентен модел, алгебарски закони, пример) o Калкулус на апстракција (правила за апстракција, пример) o Еволуција (водена еволуција, пример, алатка (на пр. Ana Tempura))

ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 30: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 30

ПРИВАТНОСТ, ЕТИКА И ОПШТЕСТВЕНИ ОДГОВОРНОСТИ (СЕ-И-05) ЦЕЛ: Сочувувањето лични податоци и други чувствителни информации во различни формати, вклучувајќи ги текстот, сликите и звукот е во постојан пораст. Обемот на податоците кои се собираат, нивниот тип и обемот и брзината на размената на податоците значително се променија со појавата на ИКТ. Додека се зголемува потенцијалот за задирање во приватноста, на организациите им се наложува зголемено количество правна регулатива за заштита на податоците и приватноста. Овој предмет ја истражува рамнотежата меѓу одржувањето на деловната ефективност, придржувањето кон законските рамки и професионалната пракса во областа на ИТ/ИС. Овој предмет ќе се занимава со легалните, општестваните и технолошките аспекти на приватноста и заштитата на податоците, имајќи ги предвид технологиите кои ја овожзможуваат и технологиите кои ја напаѓаат приватноста, ќе ја идентификува и процени улогата на компјутерските професионалци во овозможувањето зашита на приватноста и податоците и ќе направи преглед на легислативата за заштита на приватноста и податоците во различни земји. Внимание ќе биде обрнато и на осигурителните перспективи од различни кулури и земји во свелото на глобалните информациони системи. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Ги дефинира концептите на приватноста и заштирата на податоците во мултикулурен и

мулидисциплинарен контекст. • Ги открива и проценува тековните и идните закани за приватноста. • Дава приказ и проценка на информатичката професионална пракса низ призмата на

професионалните и општестваните одговорности на работодавците и податочните субјекти. • Истражува во областа на приватноста и заштитата на податоците; ги интегрира

комплексните и понекогаш спротивставени идеи во кохерентна анализа која прикажува интегративни, прегледни и аналитички вештини.

СОДРЖИНА: • Етика: нормативна рамка, вреднсоти, анализа на пристапите • Приватност: концепт на приватноста, приватност на информациите, правна регулатива на

приватноста на информациите, приватност – глобална перспектива / технологии за зголемување на приватноста

• Доверба: концепти и класификации на довербата, надгледување • Пристап: пристап кон информациите, софтверско пиратство • Сопственост: интелектуална сопственост, ИКТ шпионажа • Општествено влијание: преглед на општественото влијание, влијание врз кулурата и

етнографијата, глобализација • Однесување: професионално однесување, кодекс на однесувањето, управување со ризикот

врз информациите • Анализа на примери ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот

Page 31: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 31

ПРИМЕНЕТО СИСТЕМСКО РАЗМИСЛУВАЊЕ (СЕ-И-06) ЦЕЛ: Овој предмет прикажува обединувачки филозофски пристап во областа на софтверското инженерство. Применетото системско рамизлување се користи како практична алатка за да се согледаат во целина организацијата, информационите системи и промената и интеграцијата на организациите. Целта на предметот е: • да развие знаење кај студентите за да бидат во можност да ги користат системските модели

кои ја прикажуваат околината со цел да се упрости решавањето на проблемите од реалниот живот и размислувањето за наменските активности во деловните организации.

• да го развие кај студените сфаќањето на системската пракса преку практична примена на алатките, методите и техниките.

• да им ги развие на студентите знаењето и вештините релевантни за влијанието и управувањето со промените во организациите.

• да го поттикне сфаќањето и почитувањето на примената на информационите технологии со цел да се подобрат деловните карактеристики на стратeшко и оперативно ниво.

ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Ги сфаќа концептите за осмислување на “тешките системи” и нивната применаза да се

промени сосојбата во деловните организации • Применува меки системски методи и алатки за да овозможи холистички пристап во

решавањето на комплексните социо-технолошки проблеми на организациите • Ја сфаќа клучната улога на модерните информациони системи во интеграцијата на

организациите во контекстот на глобалните пазари СОДРЖИНА: • Основи: ритам на промените, интеграција и потреба од холистички деловен пристап • Системски концепти и градби: општа системска теорија, “тешки системи“ при промената на

организациите, мек системски пристап и неговата релевантност за деловните организации, видливи системски модели, вештини на системското размислување, креативно размислување, проблеми на визуелизација, моќта на системското размислување

• Организацијата како информационен систем: податоци, информации и знаење, организационо донесување одлуки, комуникациски модели, нова економија на информациите

• Развој и интеграција на организациите: природата на организациите и етапи на нивниот раст, процесот на трансформацијата и интеграцијата на организациите, влијанието на глобалните пазари и е-комерцијата и м-комерцијата врз организациите

ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 32: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 32

ДЕЛОВНО МОДЕЛИРАЊЕ (СЕ-И-07) ЦЕЛ: Овој предмет е мотивиран од верувањеѕто дека е подобро да се создаде точен производ отколку да се создаде производот точно. Основите за да се постигне ова се двострани: • да може да се моделираат и анализираат деловните факти и процеси и • да се прилагодат деловните модели кон потребите Предметот ќе ги применува UML својствата и ќе воведе нови својства, како “дијаграмот на договорот“ (Contract Diagram). Конверзијата се спроведува со развивање на Gap-Navigator, кој е поим кој се темели на рафинирањето на софтверот. Во текот на предметот ќе бидат прикажани и разгледувани реални примери од реални SME-и ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Ги моделира работите и деловните поцеси користејќи го UML • Им пристапува на современите деловни практики и воспоставува основа за подобрување на

процесите • Создава модели кои точно ја прикажуваат природата на бизнисите • Воспоставува деловни шаблони за да ги реши најчесто појавуваните проблеми • Ги структурира моделите со цел да ги максимизира организациониот придонес • Го трансформира деловниот модел во модел на потребите СОДРЖИНА: • Зошто се потребни моделите? • Мерење на деловниот статус • Опис на современите бизниси (различни примери и сценарија) • Иденификација на деловните процеси • Реализација на деловните процеси • Интеракција меѓу корисничките реализации • Автоматизација на процесите • Премин од деловниот модел кон модел на потребите ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и непотипишан труд

Page 33: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 33

Е-БИЗНИС (СЕ-И-08) ЦЕЛ: Современите пристапи на дизајнот и развојот на системите, како што се RUP, SSADM, Multiview или Web-базираните приоди се многу централизирани. Од поодамна постои дефиниран централен податочен модел, во кој нагласокот е на централно дизајнираните деловни процеси. Притоа, нагласокот се однесува на исполнувањето на процесирачките деловни потреби, а не на прилагодувањето кон деловно-ориенираните потреби на клиентите или корисниците. Многу од е-комерцијалните системи се наменети за надворешни корисници. Затоа постои потреба од нови приоди во резвивањето на системите кои се насочени кон клиентот, тргнуваат оддолу нагоре и се стремат кон извлекување на клиентските ставови во тек на дизајнирањето на процесите. Овој предмет ги истражува елементите како преминот од бизнис-фокусиран дизајн кон клиент-фокусиран дозајн. Елементите се развиваат преку истражување на техниките на употребливост како процес воден од страна на клиентот. Техниките на употребливост станува прифатливо како дизајнирачки пристап кој ги претпочита потребите на потрошувачите и нивниот поглед пред барањата на деловните процеси. Тој се чини како поплодотворен приод во дизајнирањето на е-комерцијалните системи. Студентите ги истражуваат рамките за алтернативните дизајнирачки пристапи и критички ја проценуваат соодветноста на техниките на употребливост во дизајнирањето на е-комерцијалните системи. Предметот натаму го нагласува значењето на истражувачки базираниот пристап кон дизајнот на системите и ги проучува сознанијата за дизајнот на другиет системи, техники на употребливост и сродните когнитивни науки. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критички ги оценува современите пристапи на системскиот дизајн споредувајќи ги со

потребите на е-комерцијалниот и дистрибуираниот системски дизајн. • Ги применува техниките на употребливост во рамките на процесниот стандард ISO13407 за

развој на е-комерцијалните апликации. • Критички ги проценува пристапите за мерење на целите за употребливото однесување и ги

иденификува соодвените пристапи во дадена ситуација. • Применува низа поддржувачки техники кои произлегуваат од лиературата за да го подобри

процесот на извлекување на потреби на употребливост. • Ги идентификува и објаснува техничките и истражувачки рендови кои можат да влијаат врз

пристапот кој се стреми кон клиентски воден дизајн. СОДРЖИНА: • Својства на е-бизнис системите и последиците врз дизајнирањето. Потребите за пристапот

оддолу-нагоре, фокуирање кон екраните и задачите. • Критичка анализа на пристапот одгоре-надолу при дизајнирањето и развојот на системите.

Својства на пристапите одгоре-надолу, како на пример RUP. • Елементи на дистрибуираниот дизајн. • Својства на алтернативните пристапи. • алтернативни пристапи кои не се однесуваат на анализата одгоре-надолу и

преддефинираните податочни струкури. Истражување други техники за пифаќање на потребите на употребливост и за разбирање на задачите: заеднички апликациски дизајн. Фокусни групи.

• Сервисно-ориентирани HCI. Применливи сервисни концепти на системскиот дизајн. • Пристапи за проценка на мрежнаат употребливост. Преглед на литературата. • Користење сценарија во техниките на употребливост. Создавање е-бизнис сценарија. • Постојана проценка на применетите е-бизнис апликации. Пристапи за обезбедување

повратна спрега. • Системската интеграција и техниките на употребливост. Системската интеграција кај е-

комерцијалните системи. • Идни аспекти на Web-базираните апликации. • Справување со промените. Автономни системи и сервисно-ориентирана информатика.

Принципи на самонадградливите системи. Еволуција на екраните и прилагодување на способностите.

• Споредба на техниките на употребливост со RUP.

Page 34: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 34

• Алтернативни развојни околини. Комплекснот. Синхонизација и StartLogo. • Сигурносни аспекти на е-бизнис апликаиите. ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 35: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 35

РЕИНЖЕНИРАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ (СЕ-И-09) ЦЕЛ: Овозможува подобро сфаќање на ефекивните решенија за промена на проблемите кои побаруваат да ги комбинираат технолошките, организационите и човечки-ориентираните стратегии применувајќи процесно-базиран пристап во промената на управувањето. Воведува случајности кои влијаат врз управувањето и најефективни мерки кои се однесуваат на нив. Воведува стратешко ИС/ИТ планирање и прикажува како тоа се однесува на деловната стратегија. Ја демонстрира примнената и точноста на организационите развојни модели низ примери од реалниот живот. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Ги сфаќе методите кои се применуваат за промена на процесите и влијанието врз културата

во компанијата, луѓето и интеграцијата со други информациони системи. • Развива сратешки планови за ИС/ИТ за да ја поддржи деловната стратегија која намерава

да и овозможи на компанијата компетитивна предност. • Управува со информациите како со ресурс и го познава живониот циклус на развојните

системи. • Ги применува, проценува и анализира стратешките деловни процеси за промена. • Ги сфаќа предностите кои стратегија за организација на учењето може да ги донесе во една

организација базирана на знаењето. СОДРЖИНА: • Промена на деловните процеси: значењето на технологијата како двигател на

организационите промени • Промената и менаџерот: промена на човечките ресурси; кулурната мрежа и минатото;

културните атрибути на промената • Значењето на комуникацијата и отпорот кон промените: изградба на кулура за успешна

примена на стратегијата. Влијанието кое ИТ ќе го има врз внатрешниот изглед на организациите во иднината

• Деловна интелигенција и иднината на е-бизнисот • Концепт на образовната организација и влијанието врз системскиот развој. Примери на

организации кои минале низ мали програми за промена и лекциите кои тие ги научиле. ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Деловно моделирање (СЕ-И-08) ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 36: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 36

УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ НА СЕРВИСИТЕ (СЕ-И-10) ЦЕЛ: Централната улога на софтверските системи во организациите е да овозможи примена, технологија и сервиси за поддршка на деловниет функции и да придонесе во достигнувањето на стратешките цели на организацијата. Овој предмет дава преглед на сервисите на софтверските системи. Предметот ги истражува концептите за управување со сервисите при испораката и управувањето со квалитетот. Тој ги испитува оперативните елементи кои го придружуваат управувањето со ресурсите и капацитетот на компјутерите, обезбедува помошни сервисни услуги и управување со ИТ ресурсите. Тој се занимава со развој на нови сервиси, управување со пресметките на крајниот корисник и развојот на ИТ културата на сервисите. Предметот воведува во дисциплините неопходни за BS15000/ISO20000 ИТ сервисни стандарди. Областа се однесува на контекстот на деловна околина во која повеќе ИТ сервиси се овозможени од трето лице и управувани по пат на договори. Стратешката улога на системите и сервисите кај органзиациите се развива со истражување на рамнотежата меѓу информационите системи и организаионата стратегија. Сфаќањето на стратегијата на организациите води кон развој на портфолио на системите и сервисите кое се совпаѓа со организационите цели и нуди компетитивна предност. Исто така, предвид се земени и рамките и пристапите за развој на разбирањето на стратешката улога на информационите системи. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Ги формулира ИС/ИТ стратегиите кои ги порамнуваат условите и управувањето на ИС

портфолио со организационите цели и страегии. • Ги дикутира теоријата и праксата на управувањето со ИТ сервисите во дефинирана рамка

на дисциплини и активности. • Ги објаснува ефектите на контекстот, организационите односи и организационата структура

на испораката на ИТ сервисите. СОДРЖИНА: • Основи на ИТ сервисите: Што е сервис? Природата на сервисите. Момени на вистината.

Фасадна и позадинска канцеларија. Сервисни компоненти. Квалитет на ИТ сервисите. Маркетинг на ИТ сервисите. Иновации на ИТ сервисите.

• Стратегија на ИТ сервисите: Основни ИТ/ИС способности и ресурсно-базиран поглед на фирмата. Развој на сервисно-ориентирана ИТ стратегија. ИТ стратешки процеси. Сфаќање на деловното портфолио. Алатки за поврзување на деловната стратегија со ИТ стратегијата. Управување со апликациското портфолио. Пресметки, класификација и идентификација на новите системи. Улогата на ИТ во компетитивната стратегија. Изнаоѓање стратешки информациони системи. ИТ посредничка стратегија. Глобализациски елементи во стратегијата и ангажирање надворешни соработници (outsourcing).

• Управување со ИТ сервисите: Организационата улога на ИТ сервисите. Структурирање на ИТ организациите. Централизирани, децентрализирани, федерални извештајни структури и кари со урамнотежен биланс (Balanced Score Card). Прилагодување на ИТ сервисите во организацијата. CoBIT и ИТ владеење.

• Содржина на ИТ сервисите: Управување со пресметките на крајниот корисник. ИТ стратегии и сервиси во SME. Организациона и сервисна култура. Ефектот на организационата сила во стратегијата и сервисите. Глобализација. Системи за планирање на ресурсите. Идни трендови. Автономно пресметување.

• Ракување ИТ сервисите: Управување со ИТ сервис за помош. Рационализација на ИТ сервисите. Управување со инцидентите, проблемите и олеснувањето. Информациони потреби за управување со ИТ сервисите. Управување со спообностите. Управување и контрола на ИТ ресурсите. Управување со достапноста. Договори на сервисно ниво – нивно создавање и управување. ИТ сервисен каталог. ИТ сигурносни сервиси. Сервиси за управување со конфигурацијата. Глобални ИТ сервисни операции.

• ИТ сервисни процеси: ИТ сервисна рамка: ITIL и BS15000. Процесот на BS15000 сертификација. Примена на ИС/ИТ стратегија и улогата на ИТ стратешката документација.

ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема

Page 37: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 37

ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 38: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 38

СОФТВЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО ЗА МАСИВНИ БАЗИ ПОДАТОЦИ: ПРАКТИЧЕН ПРИСТАП (СЕ-И-11) ЦЕЛ: Овој предмет нуди теоретска основа за разбирање на современите DBMS (управувачки системи на базите податоци) и нивната интеграција во информациони системи. Го стимулира системаскиот пристап во пракичната примена на DB пристапот базиран на имска работа и коритење на репозиториум на искуството. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Критички ги проценува различните DBMS и нивните својства • Ја уважува потребата и различните можности за DB интеграција • Целосно ги применува разработените примери за анализа избрани од репозиториумот. СОДРЖИНА: I. Теоретски дел: • DB аксономија:

o DBMS модели и архитектури o DB аспекти (релациони, процедурални, објектно-ориентирани, дескриптивни (XML),

дедуктивни) o долготрајни објекти o DB интегритет

• ДБ интеграција o јазично-ориенирани (вгнезден SQL) o погонски-ориенирани (ODBC, JDBC) (архитектури, типови погони, апликативни

сценарија) o компоненно-базирани o SOA интеграција o агентно-базирани

II. Практичен дел: • Множество разлижни проекти организирани и поддржани од репозиториумот, вклучувајши

промери од теоретскиот дел на предметот • Тимска работа

o студентите ќе бидат организирани во тимови o тимовите иззбираат соодветна проектна понуда од репозиториумот

• Понуда на примери: o RDBMS-ориенирани проекти и интеграција o OODBMS-ориентирани проекти и интеграција o SOA интеграција (XML) o репозиториумски поддржана околина o MetricDB

• Документирање на развојниот процес ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот

Page 39: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 39

НАПРЕДНИ ОБЛАСТИ ВО СОФТВЕРСКОТО ИНЖЕНЕРСТВО (СЕ-И-12) ЦЕЛ: Целта на предметот е да овозможи увид во најновие правци на развојот и достигнувањата во областа на софтверското инженертво кои не се покриени со останатите предмети во студиите. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Ја цени потребата да научи нови теории, модели, техники и технологии како што тие

доспеваат • Ја цени неопходноста од конинуиран професионален развој и промена на најновите

истражувачки достигнувања во праксата. СОДРЖИНА: ─ ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот

Page 40: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 40

ОДБРАНИ ОБЛАСТИ ВО СОФТВЕРСКОТО ИНЖЕНЕРСТВО (СЕ-И-13) ЦЕЛ: Целта на предметот е да овозможи комбинирана експертиза, знаење и вештини базирани врз областо кои веќе постојат во другите предмети од студиите. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Комбинирани образовни исходи за одбраната област СОДРЖИНА: ─ ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Нема ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот и испит без користење литература

Page 41: Joint M.Sc. in Software Engineeringrti.etf.bg.ac.rs/rti/projekti/tempusmirror/results/curriculum/MScSE-curriculum... · Конзорциумот на проектот се соочи

http://perun.im.ns.ac.yu/msc-se/ 41

ПРОЕКТ ЦЕЛ: Овој предмет има цел да му овозможи на студентот стекнување искутво за развивање значаен дел на индивидуална работа, од концепт до завршување. За таа цел, студентот ќе мора да ги стекне вештините и знаењата неопходни за успешно завршување со сопствено изучување и соодветна примена. Временските органичувања ќе гарантираат дека студентот стекне вештини во управувањето со времето и распределбата и управувањео со взаемно поврзаните елементи. Добрите презентациски способности, пишани и усни ше бидат клучни за опис на зададената задача. Студентот ќе биде поттикнат да изврши проект поврзан со индустриските, комерцијалните и јавните сервисни спонзори. Студентите кои работат во други фирми, доколку можностите го дозволуваа тоа, ќе бидат поттикнати проектот да го извршуваат на своето рабоно место. Образовни пристапи: надгледувачки тимови ќе обезбедат водење секогаш кога тоа ќе биде потребно. Затоа, треба да се нагласи дека студентот ќе се очекува да го води проектот, да ја преземе одговорноста за усвојување на неопходните вештини и знаење и да се осигура дека задачите се завршени во рамките на временската распределба. ИСХОДИ ОД УЧЕЊЕТО: • Создавање насоки за да се овозможи изведба на проектот • Водење на проектот од неструктурирани идеи преку криичка анализа на проблемската

област • Одредување на вештините неопходни за успешно завршување на проектот • Одредување осмислен редослед на активностите за подобрување на било кој недостаток

во стручноста која се смеат за неопходна за проектот и да се изврши ефикасно • Искористување добра практика за управување со времето во извршувањето на проектот • Соодветно распоредување на задачите за да може да се искористат целосно

расположливите ресурси • Презенирање на пишани извештаи на начин соодветен на потребите на проектот, а

посебно, формална презентација на материјалот како што тоа се бара во академските медиуми како часописи или низа зборници од конференции

• Извршување усна презентација во која се објаснува проектот, користејќи ја соодветната технологија и способност да се одговори на прашањата во врска со проектот зададени од страна на научна публика.

СОДРЖИНА: • Семестар 1: Студентот размислува за предметната област во која ќе сака да го извршува

проектот. Ако студентот извршува сопствен проект, посебно ако тоа е со надворешна агенција, како локална компанија, тогаш тој мор ада ги запожне разговорите во врска со обемот и содржината.

• Семестар 2: На почетокот на Семестар 2, се опишуваат интерните проекти, а студентите ги истражуваат можностите во дискусии со проектните координатори и проектните понудувачи (кои често, како последица, ќе бидат и ментори).

• Семестар 3: Студентот ги завршува дефинираните насоки во соработка со менторот на проектот и потоа ја комплетира целосната работа во врска со проектот.

ПРЕТХОДНИ УСЛОВИ: Положени сите испити ПРЕПОРАЧАНО ОЦЕНУВАЊЕ: Континуирано оценување во тек на предметот, пишана и одобрена тема, и јавна усна презентација


Recommended