+ All Categories
Home > Documents > S-Work No.36

S-Work No.36

Date post: 23-Jul-2016
Category:
Upload: trajan3
View: 215 times
Download: 1 times
Share this document with a friend
Description:
On line magazine by Star-Star Skopje, Macedonia
14
Септември N O . 36 S-WORK
Transcript
Page 1: S-Work No.36

Септември NO. 36S-WORK

Page 2: S-Work No.36

2

Една од водечките организации за човекови права во светот Amnesty International наиде на негативни коментари за нејзиниот нов предлог: декриминализација на купувањето или продавањето сексуални услуги помеѓу возрасни лица.

Amnesty International за својот нов предлот вели дека се заснова на принципот на човековото право за консензуално сексуално однесување помеѓу две возрасни лица, коe ги исклучува актите како принуда, закана, измама и наслиство, a притоа сексуалните работници имаат право на заштита од државата. Новата политика, исто така, се базира на

принципите за намалување на штети. Според нив, постојат повеќе докази кои укажуваат на тоа дека со криминализацијата на сексуалната работа се зголемува веројатноста сексуалните работници да бидат подложени на малтретирање и насилство, вклучувајќи го и злоставување од страна на полицијата, и да доведе до нивно исклучување од јавните интереси како и потежок пристап до здравствени услуги, немање право на образование и имиграциски статус. Легитимните ограничувања може да влијаат негативно врз сексуалната работа, затоа со оваа политика се бара декриминализација на сексуалната работа и истата да не биде ограничена и дискриминирана.

Постојат повеќе примери според кои криминализацијата го зголемува ризикот кај сексуалните работници. Amnesty International ги има изнесено резултатите од своите две неодамна направени студии во кои се вели: „повеќето случаи на киднапирање, навреди, насилства, закани и убиства на сексуалните работници кои работат на отворено во Њујорк и Ванкувер не се пријавени во полиција“.

Со оваа политка не се менува долгогодишното застапување на Amnesty International на лицата кои се принудени да работат, како и жртвите на трговија со луѓе, притоа цврсто стоејќи до тоа дека присилната сексуална работа е противзаконска и претставува криминален чин.

Како негативен одговор за новиот предлот на Amnesty International се појавија повеќе од 400 протесни писма од поединци и организации. Голем број холивудски ѕвезди како Мерил Стрип, Кејт Винслет, Ени Хатавеј, Ема Томсон,... го ставија својот потпис против оваа политика.

Во протесното писмо се вели: „Со декриминализација на сексуалната работа им се олеснува работата на сопствениците на бордели да ја продолжат својата работата со трговија на луѓе претежно со млади жени кои доаѓаат од неразвиените земји на Источна Европа.“

Негативни реакции за новата предлог политика на Amnesty International од страна на Холивудските ѕвезди

Page 3: S-Work No.36

3

Додека пак во предлог политиката на Amnesty International се вели: „Со легитимното ограничување ќе се доведе до негативен ефект врз сексуалната работа, доколку криминализацијата е во согласност со меѓународното човеково право.“

Предложената политика ќе се разгледа на состанокот закажан од страна на Советот за човекови права на Amnesty International на 13-ти Септември во Даблин, Ирска.

Во меѓувреме, Светската здравствена органзација ги повикува земјите да работат во насока на декриминализација на сексуалната работа и елиминирање на неправедното применување на законите кои кривично ги гонат сексуалните работници.

Притоа, Amnesty International не зазема став околу тоа каде и во кои земји треба да се регулира сексуалната работа.

Во оние држави во кои сексуалната работа не е регулирана со закон, Amnesty International ќе бара пропис со кој ќе се гарантира безбедноста на поединци кои сами одлучиле да ја работат оваа работа и кои сами избираат дали и кога ќе прекинат со истата.

Page 4: S-Work No.36

4

Мапа на светот во кои земји е легализирана сексуалната работа

Сите замји во ЕУ, како и Турција или ја имаат легализирано сексуалната работа и регулиран закон или барем само ја легализирале сексуалната работа. Во Азија, оази на слобода се Бангладеш, Казахстан и Индија, додека пак во Средна и Северна Америка се Невада и Канада.

Често можете да чуете дека сексуалната работа е најстарата професија на светот, и отсекогаш луѓето биле подготвени да дадат пари или некој предмет од вредност на жената која пак за возврат ќе им даде сексуална услуга.

Историјата има докажано дека сексуалната работа постоела во христијанскиот свет дури и за време на најтврдокорната власт – Црквата, како на исток така и на запад, и во многу исламски земји, Индија и помеѓу будистичките народи. Во целиот свет, отсекогаш.

Сепак, до релативно неодамна, иако во многу земји се „прогледува низ прсти“, сексуалната работа е нелегална активност, забранета под маските за заштита на достоинството на жените и човековите права. Иако би било логично, токму поради нив да биде дозволена, со оглед на тоа дека секоја возрасна личност има право да прави што сака со себеси и своето тело се додека не ги загрозува слободите на другите.

Сексуална работа: Легална и регулирана. Легална. Нелегална.

Page 5: S-Work No.36

5

Во нашата земја, сексуалната работа е нелегализирана, како и во земјите од Балканот. Со исклучок на Романија и Литванија, сите останати земји кои се членови или кандидати за членство во ЕУ на овој или оној начин ја имаат легализирано сексуалната работа. Затоа оттука можеме да кажеме дека ние сме едно „осамено море“.

Сексуалната работа е дозволена и регулирана со закон во Германија, Швајцарија, Австрија, Унгарија, Холандија, Летонија, Грција и Турција. Во Унгарија и Летонија не се дозволени, односно забранети се јавните куќи.

Сексуалната работа, со нејзиното вистинско значење - размена на сексуални услуги за пари, е легализирана во Франција, Белгија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Чешка, Словачка, Естонија, Данска, Финска и Бугарија.

Меѓутоа, во Бугарија, покрај тоа што сексуалната работа е легализирана, сепак не е регулирана со закон и не е дозволено, т.е забрането е отворање на бордели и работа со макроа. Меѓутоа, во повеќето земји се толерира работата на јавните куќи, како што е случај со Белгија.

Легална и регулирана. Легална Нелегална. Само клиентите се гонат кривично.

Page 6: S-Work No.36

6

Во Норвешка, Шведска и Исланд нелегално е да платиш за секс, клиентите се тие кои го кршат законот, додека пак сексуалните работници не. Во сите останати земји во Источна Европа, жената која има желба да прави со своето тело што сака може да биде прогонувана или затворена од страна на луѓе кои ја сметаат сексуалната работа за грев.

Во Азија, Казахстан и Индија сексуалната работа е легализирана, но не е регулирана со закон и забрането е собирање по бордели и јавни куќи. Во Јапонија е дозволено секаков вид на пенетрација (орален и анален секс), но сето ова во суштина не се почитува во јавноста. Бангладеш е единствената вистинска оаза за сексуалната слобода.

Во Северна Америка, сексуалната работа е легална но не е регулирана со закон во Канада, каде што исто така е забрането здружување додека пак во САД, единствено Невада го има легализирано „најстариот занает“, со закон. Средна Америка, Мексико во потполност ја има легализирано и регулирано сексуалната работа, додека пак канадскиот модел ги следи сите останати земји од овој дел.

Во Јужна Америка, на сексуалните работнички практично секаде им е отворена вратата, со тоа што на запад и средишниот дел од континентот е легална и регулирана, додека пак на исток и југ е легална но не е регулирана. Конкретно, Венецуела ја има легализирано, но забрането е здружување. Нелегална е само во Гвајана и Суринам.

Page 7: S-Work No.36

7

Во Африка, поголемиот број земји ја имаат забрането, и само во одредени земји во Централна Африка е легална, но нерегулирана со закон. Во потполност е легална и регулирана во Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.

Австралија, како единствена континент-држава е поделена на западна половина каде сексуалната работа е легализирана но нерегулирана со закон, и источен дел, оној развиениот и секако поважен, е легализирана и регулирана.

Сега се поставува прашањето: Дали ќе се угледаме на земји како што се Саудиска Арабија, Иран, САД, Русија, Кина, кои имаат долга историја на кршење на човековите права и уште подолга историја на лажен морал, или пак ќе се угледаме на Германија, Швајцарија, Австрија, Мексико, Италија, Бразил, Аргентина, Австралија, Франција, Велика Британија, Шпанија... далеку понапредни земји во светот кои оваа професија ја имаат во потполност легализирано и регулирано, или барем само легализирано.

Дали вие сметате дека е време да престанеме да ги морализираме другите за лични работи кои сакаат да ги прават, да престанеме да се грижиме за туѓото и да пикаме нос таму каде што не не ни е местото?

Page 8: S-Work No.36

8

На излозите на борделите во Амстердам од септември минатата година започнаа да се појавуваат писмени предупредувања. Овие летоци ги советуваат потенцијалните клиенти што претставува адекватно однесување кога ќе влезат во нив. Теоретски, ова претставува еден добронамерен бирократски чин. Во реалноста, никој тоа не го чита. Всушност, со оглед на големината на летоците, клиентите воопшто не ги забележуваат овие правила на однесување што може да претставува проблем за новите клиенти кои првпат патуваат за Амстердам и имаат желба да посетат еден од борделите.

Веќе подолго време имам сексуални односи со „девојка од излог“ во Амстердам, а за моите искуства пишувам на мојот личен блог, што е причина за моето интервју кое следи. Наместо да ве оставам сами да се снаоѓате со текстовите испишани со ситни букви и закачени насекаде по „Црвената улица“, сметам дека е подобро да го искористам моето знаење кое го имам стекнато во последниве неколку години и да ве наградам со сопствениот информативен водич за бонтон (како да се однесувате) со сексуалните работници.

Новите девојки се подеднакво неинформирани како клиентот.

Ако нешто научив од девојките кои ги имам запознаено, тоа е дека ни тие не знаат што ги чека на почетокот од нивната кариера исто како и клиентите на кои ваквата посета им е прва. „Не знаете што да правите, не знаете колку да наплатите“, кажуваат девојките. „Мажите кажуваат дека е сосема во ред да правите ова или она, а вие им верувате“.

Поради погрешната претстава која ја имаат клиентите кои претходно не посетиле бордел и немале искуство со некоја девојка од излог ги прави да бидат непристојни и нападни. „Влегуваат и веднаш почнуваат да ве советуваат“, велат девојките.

Колку што можев да проценам, големите очекувања кај младите момци настануваат како резултат на гледање на интернет порнографија, и сметаат дека сето она што ќе го видат таму треба да го

Експертски водич за бонтон во јавните куќи

Page 9: S-Work No.36

9

применат. Не изненадува фактот што девојките од излог не го ценат таквото однесување. Овие девојки го продаваат своето време и со тоа и одреден пристап кон сексуалните чинови; тие не велат: „Дај ми 50 евра и можеш да ми правиш што сакаш“.

Однесувајте се кон нив исто како кон вашата девојка –помалку или повеќе.

Јас лично кон сексуалната работничка се однесувам исто како кон мојата девојка. Но, мојот однос спрема врските за заснова на почит и грижа за нашата заедничка благосостојба. Претпоставувам дека ова зависи од тоа како се однесувате кон таа посебна личност во вашите животи.

Претпоставувам дека сте пристојни и дека досегашните врски не ви биле кошмар, запоставеност или психичко измачување. Ако не се однесувате лошо кон својата девојка, тогаш не треба да се однесувате лошо ни кон сексуалните работнички. Тоа се основни правила за човековото однесување.

Не одолговлекувајте, бидете одлучни.

Правилното однесување треба да започне уште додека стоите на улицата пред излогот со девојки. Ако се доближите до излогот, големи се шансите девојката од другата страна да ве забележи. Но, можеби и не. Има многу луѓе кои само стојат така пред излозите и гледаат. Девојките не го сакаат тоа. Дали вам би ви се допаднало некоја непозната личност да е загледана во вашето полуголо тело подолго време додека размислува дали да влезе или не?

Бидете одлучни. Наместо тоа, направете го првиот чекор и нежно чукнете на излогот. Колку и да

Page 10: S-Work No.36

10

звучи ова необично, сепак тоа е најдобар начин да покажете дека сте навистина заинтересирани.

Утврдете каква сексуална услуга би можеле да добиете пред да влезете во борделот.

Пред сè, одлично би било првенствено да ја прашате девојката колку наплатува за своите сексуални услуги. Мене лично многу ми пречи да се ценкам, но доколку вие се ценкате, можеби ќе имате прилика да добиете услуга и за нешто пониска цена.

Откако ќе се договорите за цената, следи наредното клучно прашање: „Што добивам за тие пари?“, со што би се избегнале сите потенцијални проблеми и недоразбирања околку давањето и примањето на сексуалната услуга.

Немојте да бидете потенцијална закана (ова е добар совет за било која ситуација)

Во онаа фаза, кога цената е прифатена и прилично сте сигурни што ќе добиете како услуга, влегувате внатре. Можеби веднаш влегувате во просторијата каде што работи девојката, но можеби треба да одите кон друга просторија која се наоѓа на горниот спрат. Тоа воопшто не е важно, бонтонот наложува вие да појдете пред неа.

Сигурно сте забележале дека агентите за недвижности ја следат потполно истата процедура, затоа што и во двете ситуации вие сте тој непознатиот, а со тоа и потенцијална закана за опасност. Истото се применува и во борделот како и кај се друго во животот, дајте сè од себе да не дозволите да ве гледаат како закана.

Не скокајте веднаш штом влезете во просторијата.

Некои клиенти се навистина нетрпеливи. Меѓутоа тоа воопшто не е правилно однесување. Прво наплатете за услугата доколку така сте се договориле со девојката. Потоа доколку имате желба и

Page 11: S-Work No.36

11

потреба за повеќе направете си меѓусебен договор.

Сега е време да се соблечете.

Откако завршиле преговорите, доаѓа време да се соблечете. Секако и девојката би требало да го направи истото. Но, тоа е нејзина куќа, нејзини правила, можеби ќе сака да остане по долна облека.

На страна тие детали, треба да го цените времето. Можеби вие мислите дека сте платиле за 15 минути секс, но тоа може да значи дека сте платиле фиксно 15 минути, во кое влегува и ракувањето, запознавањето, договарањето, вклучувајќи го и времето за соблекување и облекување.

Откако ќе се соблечете, некои од девојките може да ви каже да се измиете, некои пак тоа ќе го направат за вас, а некои веднаш започнуваат со давање на сескуалната услуга. Направете го она за што сте дојдени.

Девојката ќе ве повика да легнете до неа на креветот, пред да ви го подаде (стави) кондомот.

Првото прашање кое ќе ви падне на памет е: „Дали е во ред да ја допирам додека го става кондомот“. Одговорот е: можеби. Најверојатно ќе можете да дознаете според нејзиното однесување со телото.

Доколку сакате да ја допрете, едноставно обидете се. Веднаш ќе ви даде до знаење дали е тоа во ред. Дефинитвно веднаш ќе дознаете ако не сака. Можеби ќе ви рече на пример: „Допирањето чини повеќе“.

Таа највероватно има свој став како пенетрацијата треба да изгледа, но најчесто постојат две пози кои најчесто се прифатливи и за клинетите. Секако, постојат уште неколку правила на бонтон до кои треба да се држите. Ако не можете да ејакулирате, тоа е ваш проблем. Откако ќе завршите, тоа е тоа. Едноставно, сте завршиле. Готово е –дури и ако ви останало уште време. Постојат исклучоци од ова правило кога клиентот ќе плати за еден час и уште на почетокот ќе се договори со девојката дека сака по завршувањето на сексуалните односи да седи со неа и да разговара. Се е возможно но само со претходно направен договор.

Исчистете позади вас и не се задржувајте.

Уште едно правило на бонтон: чистење

Практично, откако ќе завршите, сигурно ќе чекате девојката да ве избрише додека вие сеуште лежите на креветот. Можеби и тоа ќе се случи, но многу поверојатно ќе треба вие сами тоа да го направите. Извадете го кондомот и избришете се со хартиена марамица. Сепак плаќате за сексуална услуга, не за капење.

Девојките се однесуваат правилно кон своите ценети клиенти. Некои можеби и ќе ве бакнат пред да излезете.

Page 12: S-Work No.36

12

Прочитајте неколку кратки, но искрени исповеди на девојки/жени чија професија е сексуалната работа.

Сексуалната работа, како и секоја друга работа, е осудувана од страна на општеството, па затоа ретко кој зборува отворено за тоа. Меѓутоа, преку апликацијата Whisper многу девојки и жени имаат можност да се исповедаат и да коментираат за својата професија, ослободени од стегите на општествените норми.

Така настанале и овие кратки исповеди на жени кои работат како сексуални работнички или ескорт дами.

„Работев како сексуална работничка повеќе години. Морав тоа да го работам бидејќи бев корисник на дрога. Мажот сигурно би ме оставил кога би дознал“.

„Работам како придружничка на деловни состаноци. Еден мој клиент ми кажа дека сум му го спасила животот затоа што сум ги ислушала неговите проблеми. Ја сакам мојата работа.“„Работам како придружничка на богати личности. Нарекувајте ме како сакате, но ја ја сакам

својата работа“.

„Мојот маж знае дека сум сексуална работничка и тоа воопшто не му пречи. Напротив, мислам дека го возбудува“.

„Јас сум сексуална работничка. Повеќето мои клиенти се навистина фини момчиња, иако претходно сум мислела дека тоа се некои ужасни луѓе“.

„Работите во мојот живот тргнаа кон лошо, ми требаат пари, па затоа морав да започнам да работам како ескорт дама“.

„Само што започнав да работам како ескорт придружничка. Навистина ми се допаѓа оваа работа“.„Има денови кога си помислувам да започнам со сексуалната работа. Навистина е страшно да се живее од плата за плата“.

„Преку ден сум дама, а навечер сум ескорт дама“.„Јас сум сексуална работничка. Со оваа работа ги издржувам моите деца“.

Кратки исповеди на сексуални работнички: „Мојот маж знае што работам и нема никаков проблем со тоа“.

Page 13: S-Work No.36

13

Page 14: S-Work No.36

14

Во издание на Поддржано од


Recommended